Aџибадем лабораторија за матични клетки и банка за крв од папочна врвца
AЏИБАДЕМ лабораторија за матични клетки и банката за крв од папочната врвца е лабораторија за чување и производство во кој “ACIBADEM Healthcare Group“ спроведува истражувања за можни тераписки методи ,водејќи сметка за надградување на сите постоечки начини на примена. Лабораторијата поседува комплетна инфракструктура која овозможува чување на сите ткива, кои според научните податоци докажано можат да се користат во сите клеточни терапевтски процеси согласно GMP стандардите (Добра производна пракса).
Банката за крв од папочната врвца е најчест пример на апликација за чување клетки и ткива. Kрвта од папочната врвца, како еден од највредните извори на матични клетки, се складира и се чува на барање на семејството за одредена потреба во иднина. AЏИБАДЕМ банката на матичните клетки и банката за крв од папочната врвца, работи врз основа на одобрување на Министерството за здравство и согласно со сите законски одредби, а на чување и се доверени повеќе од 5000 единици. Поради тоа, оваа банка за чување крв од папокот може да се смета за прва и најголема банка од тој вид во Турција. Покрај крвта од папочна врвца, примероци на периферните матични клетки и коскена срж на пациентите кои се на лекување во “ACIBADEM Healthcare Group“ исто така се чуваат во замрзната состојба се до моментот додека не се употребат.
Прва акредитирана клиничка лабораторија во Турција
“ACIBADEM Healthcare Group“воспостави значително партнерство во областа на референтни лабораториски услуги со германската Лабмед група (Labmed Dortmund GmbH), активна на германското тло повеќе од 30 години. Резултат на ова партнерство е достапноста на акредитираните лабораториски услуги и во Турција, кои некогаш биле достапни само во странство ,заблагодарувајки на “ACIBADEM Labmed“ лабораториите. АЏИБАДЕМ со својот докажан квалитет на услугите и интернационални сертификати, го потврди квалитетот на своите лабораториски услуги и во клиничката лабораторија на Лабмед ; доделена е акредитација за клиничка лабораторија „ISO 15189“ кој ја издава “Deutsche Akkreditierungsstelle Chemie Gmbh” (DACH), така станува прва меѓународно призната и акредитирана клиничка лабораторија во Турција. Благодарение на своите капацитети, “ACIBADEM Labmed“ ги изработува сите видови на анализи на највисоко ниво за квалитет и безбедност.
Телепатолошкиот систем им овозможува на сите специјалисти кои работат во сите АЏИБАДЕМ болници истовремено да ги оценуваат патолошките резултати за време на аудиовизуелниот процес.
За само три години од почетокот на своето работење во 2006-та година па се до 2009-та година АЏИБАДЕМ централната патолошка лабораторија анализирала 77.000 случаи и така го постигна најдобриот резултат во јавниот и приватниот сектор. Со цел да се излезе во пресрет на големиот број на барања, во 2009 година отворена е втора централна лабораторија и тоа во болницата “ACIBADEM MASLAK“. Во текот на 2013-та година, вкупниот број на анализирани случаи ја надмина бројката од 130.000. Моментално покрај двете споменати лаборатории во сите АЏИБАДЕМ болници постојат одделенија кои обезбедуваат интраоперативна патолошка консултација (frozen section), макроскопско испитување, анализа на примероци на лице место, како и болничко земање примероци и транспорт на примероци.
TS EN ISO 15189:2014 Медицински лаборатории– Акредитација на медицинските лаборатории–Барања за квалитет и компетентност.
Централизираните лаборатории и сите терминали се меѓусебно поврзани со телепатолошкиот систем. На тој начин се овозможува комуникација помеѓу одделенијата, лекар со лекар, лекари и техичари, и целосниот систем е функционален согласно истите стандарди. Примената на „телепатологијата“ од овој опсег е прва и сеуште единствена во Турција.
Патолошката лабораторија соработува со клиничката лабораторија ACIBADEM Labmed“. Оваа услуга посебно овозможува примена на “индивидуално скроени” или “насочени” методи на третмани кај онколошките пациенти на најпрактичен можен начин. Овие установи исто така се од клучно значење во примена на најпрецизен пристап кон меѓународните пациенти, тешки за дијагностицирање и лекување.
Патолошката лабораторија соработува со клиничката лабораторија ACIBADEM Labmed“. Оваа услуга посебно овозможува примена на “индивидуално скроени” или “насочени” методи на третмани кај онколошките пациенти на најпрактичен можен начин. Овие установи исто така се од клучно значење во примена на најпрецизен пристап кон меѓународните пациенти, тешки за дијагностицирање и лекување.
Благодареније на одличнита опременост, центарот обезбедува високо квалитетни услуги за дијагностицирање и превенција на генетските заболувања кај луѓето. Овие услуги вклучуваат консултации од областа на генетиката за лекарите, консултации за пациенти, пренатална генетска дијагностика, постнатална генетска дијагностика, реимплантатска генетска дијагностика, како и генетски избор на ембриони и цитогенетски и молекуларни генетски тестови.
Генетиката овозможува дијагностика и услуги на преносна и заштитна дијагностика за повеќе од 200 пореметувања.
ACIBADEM Healthcare Group во 2009. ја основа “ACIBADEM Labvital“ лабораторијата за контрола на храна со цел да обезбеди контрола на храната и услуги кои се на ниво на Аџибадем.
Мисија е да се обезбеди точна и квалитетна услуга; да се биде пионер во имплементацијата на нови анализи; да се држи чекор со научниот развој и напредок, на тој начин да се обезбедат услуги за пример и доверливост за сите локални и меѓународни лица и организации, со квалитет и интегритет осигурен од нашите меѓународно признати сертификати.
Сите извршени услуги како и оние кои во иднина ќе бидат извршени, усмерени се на подобрување и развој на производите и услугите и одржување на нивниот квалитет.
Лабвитал работи со обучен и квалификуван персонал на сите простори поврзани со храна и сите материјали и опреми кои се во контакт со храна. Работејќи сообучен и квалификуван персонал и најмодерна опрема во своите физички, хемиски, микробиолошки лаборатории, лаборатории за адитиви и остатоци, токсиколошки и инструментални лаборатории, Лабвитал ги изведува сите потребни испитувања на прехрамбени производи, според меѓународно признати методи. Во сите области каде храната се произведува, преработува, заменува или нуди за продажба или конзумација, Лабвитал ги извршува сите хигиенски и санитарни проверки и контроли специјално прилагодени на сите области и обезбедува обуки за вработените.
Лабвитал, во текот на извршувањето на овие услуги работи согласно изјавата за доверливост со која се гарантира дека Лабвитал ќе ги чува информациите што се однесуваат на сите приватни и правни лица кои ги услужува, како доверливи во лабораторијата, се гарантира објективноста на вработените во Лабвитал, гарантира доверливост на сите податоци и истите не ги споделува со трети страни.
Основана во Јули 2008 година “ACIBADEM Mobile Healthcare Services“, нуди здравствени услуги на највисоко ниво во ургентни и други ситуации, во периодот пред и по хоспитализација. Од 2010 година, “ACIBADEM Mobile Healthcare Services“ излегува во пресрет на поединци и на организации со над повеќе од 500 вработени, од кои повеќе од 100 се доктори, кои користат најсовремена опрема и технологија на мобилната медицина.
Acıbadem Mobile Healthcare Services inc. Од 6.март 2018-та година поседува и ISO 9001:2015 сертификат кој ги дефинира условите во системот на управување на квалитетот. Acıbadem Mobile Healthcare Services inc. Од 7.март 2018-та поседува и сертификат OHSAS 18001:2014 за систем на управување со безбедност и здравје при работата.
Сите корпоративни или индивидуални услуги кои ги обезбедуваат нашите доктори вклучувајќи и терапија во домашни услови, дежурна аптека и набавка на лекови, советување, следење на болеста од дома, следење на телесната тежина и крвната слика од дома, изведена од страна на лекари специјалисти од соодветните медицински области, услуги на контролен преглед без напуштање на домот или работното место.
Сите услуги кои ги нуди “ACIBADEM Mobile“ се лесно достапни и се на највисоко ниво на квалитет.
Медицинско советување
Итни медицински услуги
Амбулантни возила и амбулантен авион со опрема за интензивна нега
Услуга на домашна нега
Долгорочна професионална нега и интервенција и следење од страна на доктори контрола дома / на работно место
Постојана амбуланта
Единица на здравствената заштита на работното место и заштита на здравјето на вработените
Мобилни медицински скрининзи
Задолжителни медицински скрининзи CRM / здравствена заштита на тркала (камион и автобус)
Организација на здравствената заштита
Одржување на мобилен тим за здравствена заштита / Трансфери на приватно возило меѓу болниците / управување со здравството во масовна организација
Телемедицина
Далечинско следење на пациент / Управување со велнес програми на хронични заболувања
Програми – Affinity (Group)
“Аплус“ кој е основан врз принципот “Болницата е всушност хотел каде што се обезбедуваат здравствени услуги”. Под еден покрив ги собира угостителските, хигиенските, испораките и сличните потреби на здравствените организации.
Услуга која прави квалитативна разлика во кетерингот
Аплус се познати како пионери за практична примена на принципот “зготви и олади” во индустријата на масовното производство на оброци. Методата на готвење “зготви и олади ” обезбедува сигурност која е на далеку повисоко ниво од денешните конвенции за масовно производство се базира врз брзо ладење на производите (за 90-120минути) до температурите од 0-4°C и се складира на овие температури користејќи европска гастрономска техника, каде што храната само еднаш се загрева и се послужува.
Споредено со конвенционална производна пракса, методата “зготви и олади” нуди предности како што се намалена потрошувачка на енергија и намалени трошоци за опрема, економичност во примената, лесна контрола на квалитетот и висок степен на безбедност на производот.
Одржување и хигиена
Аплус ја поседува една од најголемите перални во Турција и обезбедува хигиенско перење и услуги на хемиско чистење со дневен капацитет од 15,000 кг. Во постројката за хемиско перење која што е единствена во Турција, за само еден час се пегла и до 600 кг. алишта кој потоа се диплат и се пакуваат, благодарение на специјалната пегла “Flatwork” која пегла и сложува облека.
АПлус услугата за одржување на објекти спроведува хигиенски програми за чистење по највисоки светски стандарди и во рамките на меѓународните институции за сертификација за зачувување на физичкиот аспект на зградите кои ги опслужува, како и за да создаде чиста и хигиенска средина во нив.
Покрај тоа што во својата работа го користи системот “Healthguard” кој се применува во здравствените системи во земјите на ЕУ, АПлус нуди сеопфатнo одржување и дезинфекција. Системот е развиен за болници и организации за здравствена заштита и ризикот го сведува на минимум од вкрстената контаминација.
ISO 9001 (Систем за управување на квалитетот) за стандардизација и одржување на производи и работните процеси.
ISO 22000 (Системи за управување на квалитетот на здравствена
безбедност на храна) за обезбедување на безбедност на храна во
сите процеси од производството до конзумирањето на храната и пијалоците
OHSAS 18001 (Безбедност и заштита на работа) за обезбедување на безбедноста во работното опокружување и
сведување на минимум на отежувачките околности на работникот поради природата
на неговата работа.
RAL – GZ 992 (Одржување на квалитетот на професионалните ткаенини и
спецификациите на тестирањата) за контрола на
потребните чекори во обезбедувањето на хигиената на текстилот и можни поврзани
ризици.