99% ОД МОЗОЧНИТЕ ТУМОРИ МОЖАТ ДА СЕ ЕЛИМИНИРААТ - Acıbadem Healthcare Services (MK)
99% ОД МОЗОЧНИТЕ ТУМОРИ МОЖАТ ДА СЕ ЕЛИМИНИРААТ

99% ОД МОЗОЧНИТЕ ТУМОРИ МОЖАТ ДА СЕ ЕЛИМИНИРААТ

НЕВРОХИРУРГИЈА – МОЗОЧНИ ТУМОРИ

Областа на неврохирургијата се сосредоточува на централниот и периферниот нервен систем, кои ги вклучуваат и мозокот и ‘рбетниот мозок, како и состојби за кои е потребна хируршка интервенција, а се поврзани со овие системи. Проф. Неџметин Памир (Necmettin Pamir), шеф на Одделот за неврохирургија во болницата Аџибадем Козјатаги, наведува дека со воведувањето на микрохирургијата во оваа област во шеесеттите години на минатиот век, забележан е рапиден пад на асоцираната стапка на морталитет со операции на мозочни тумори и дека во овој миг таа е пониска од 1%. Во овој напис, проф. Памир со нас споделува одговори на најчестите прашања во врска со третманот на мозочни тумори, кои се појавуваат кај 5 од 100.000 лица секоја година.

Кои типови мозочни тумори постојат?

Поголемиот број од мозочните тумори се невроепителни тумори кои се формираат од страна на клетките кои се присутни во самото мозочно ткиво. Исто така, постојат тумори кои се формираат во менингите, кои го покриваат мозокот или нервите кои се блиску до мозокот. Метастатските тумори, кои се развиваат кога канцер од друг дел од телото ќе се прошири во мозокот, и туморите кои се развиваат поради конгенитални остаточни тумори се исто така во групата тумори кои можат да се појават во мозокот, како и туморите кои се развиваат во ткивото на хипофизата или оние кои се развиваат во други ткива кои се блиску до мозокот и вршат притисок на мозокот.

Системите за снимање што се користат за време на операциите на мозок им обезбедуваат услови на хирурзите успешно вршење на операцијата со тоа што овозможуваат сочувување на нервниот систем кој е одговорен за движење и целосно отстранување на туморот, без никакви остатоци.

Колку се чести овие тумори?

Мозочните тумори се појавуваат кај 5 од 100.000 лица секоја година. Иако стапката на инциденца на поголемиот број тумори не е многу висока, се гледа пораст на стапката на инциденца на метастатските тумори, што се должи на продолжувањето на животниот век  на човекот. Најчестите тумори кај децата се конгенитални остаточни тумории невроепителни тумори, кои се формираатод страна на клетките во самото мозочно ткиво. Стапката на инциденца на малигните и метастатските тумори се зголемува кај лицата во поодмината возраст.

Дали симптомите варираат во зависност од типот?

Општите симптоми се слични кај сите типови тумори. Черепот е како една затворена кутија, а мозокот е сместен во неа. Кога во мозокот ќе се развие бениген или малиген тумор, се создава потреба од дополнителен простор во черепот, при што туморот врши притисок врз мозокот. Зголемувањето на интракранијалниот притисок доведува до најзначајните симптоми на мозочни тумори. Тоа се главоболки, повраќање, промени во фундусот (папиларна стаза) и напади. Мозокот функционира со електричен систем и кога се појавува дополнителна маса која врши притисок врз мозокот, тоа влијае врз споменатиот систем и предизвикува напади кај пациентите со тумор на мозокот.

Кои се разликите меѓу главоболките кои се поврзани со тумори и останатите главоболки?

Нормално, секоја главоболка не укажува на тумор. Некои главоболки може да се последица на крвниот притисок, оториноларинголошки состојби или проблеми со видот. Исто така, постојат и васкуларни главоболки, кои се познати како мигрени. Меѓутоа, главоболките кои се појавуваат поради зголемување на интракранијалниот притисок многу се разликуваат по тоа што кај пациентот предизвикуваат чувство на притисок во главата пациентот. Ваквите главоболки се засилуваат кога лицето ќе се накашла, ќе кивне или ќе се напрегне. Тие можат да бидат почести во некои делови од денот. Пациентите со вакви тумори повраќаат интензивно, но без да чувствуваат мачнина.

Како се поставува дијагнозата кај пациентите што доаѓаат со вакви симптоми?

Туморот во черепот се скенира со томографија или МР. МР ни овозможува да утврдите дали туморот е малиген или бениген со стапка на точност од 92 или 93%.

Како се планира третманот?

Начинот на лекување се планира во зависност од многу фактори, како што се возраста на пациентот и типот, големината и локацијата на туморот. Ако туморот не е премногу проширен и има големина која доведува до зголемување на интракранијалниот притисок, неопходно е да се третира. Операцијата секогаш е првата опција за третман. Повеќето тумори кои се појавуваат во менингите или нервите кои се блиску до мозокот, како и некои од конгениталните остаточни тумоти, се бенигни. Можат целосно да се отстранат со операција, а пациентите можат да продолжат со животот како ништо да не се случило. Истражувањата покажаа дека кога туморот е малиген, колку порано ќе се отстрани, толку подолг ќе биде животниот век на пациентот. Затоа, целта на сегашната медицина е отстранување и бенигни и малигни тумори со максимален можен успех и без предизвикување дополнителни оштетувања кај пациентот.

ЗАБЕЛЕШКА

КАЈ КОИ ПАЦИЕНТИ НЕ Е ПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА?

Во случаите со бенигни тумори кои се помали од 1cm, може да биде доволно пациентот да се следи од страна на медицински лица. Возраста на пациентот е многу важен фактор при донесувањето на оваа одлука. Пациентите во поодмината возраст со бенигни или адекватно мали тумори можат да се мониторираат со скенови, кои се вршат еднаш или двапати годишно. Во овој миг, сите калкулации се прават под претпоставка дека пациентот ќе живее 80 години. Поради тоа, плановите за третман можат да варираат дури и меѓу пациенти со истиот тип на тумор, а кои се на возраст меѓу 20 и 30 години.

Кои методи се користат во хирургијата?

Постојат многу методи за елиминација на тумори на најдобриот можен начин. На пример, ултразвучниот метод, кој веќе 25 години има успешна примена во Турција, овозможува пред или по операцијата да се види дали има тумори или туморски остатоци во една област. Најнапредна технологија на ова поле е Интраоперативната МР. Нашата клиника ја користи Интраоперативната 3 Тесла МР од 2004г. Во минатото, ги отстранувавме туморите, а снимките ги добивавме следниот ден. Тоа значеше дека, дури и ако на снимките забележиме остатоци, не можевме ништо да сториме. Меѓутоа, сега даваме сè од себе целосно да го елиминираме туморот и, уште пред да го затвориме черепот, ги продуцираме интраоперативните снимки од областа и, ако на нив забележиме присуство на туморски остатоци, продолжуваме со чистење на областа. Со оглед на тоа што ова ни овозможува јасен поглед и на нервите кои се одговорни за движењето на телото, можеме да вршиме процедури без да повредиме ниту едно нервно влакно. Оваа технологија е огромно достигнување кое е значајно и за хирурзите и за пациентите.

Како продолжува третманот по операцијата?

Ајде да претпоставиме дека сме донеле одлука да извршиме операција, дека таа операција сме ја извршиле и сме се увериле дека туморот бил отстранет на најдобриот можен начин со помош на МР. Во случаите со малигни тумори, пациентите треба да примаат и хемотерапија и радиотерапија. Во овој миг, радиотерапијата на мозочни тумори е мошне успешна. Исто така, имаме и еден одличен метод како што е Gamma Knife. Претежно се користи за бенигни и тркалезни тумори со соодветни маргини и димензии кои не надминуваат 3cm. Некои бенигни тумори можат да се третираат само со Gamma Knife, без да се врши операција. Има голем напредок и во конвенционалната радиотерапија. Со помош на детални калкулации, сега е возможно да се зрачи само областа на туморот и да се избегне оштетувањето на здравите ткива кои го опкружуваат туморот. Кога ќе ги погледнеме сите промени што се случија, ќе видиме дека стапката на смртност за првиот месец по операција на мозок, која беше 30% пред шеесеттите години на 20 век, кога микрохирургијата се интегрираше во неврохирургијата, се редуцирала на 2% до 1966г., а сега е под 1%. Напредокот на хируршките техники и развојот на технологијата и алтернативните методи ја намалија стапката на смртност и го продолжија животниот век на пациентите. Стапката на компликации по операција на мозокот исто така се намали и е под 5%. Очекуваниот животен век за пациентите со невроепителни тумори во фаза 1 и 2 од 6 се подигна на 12 години. Кај пациентите во 4 стадиум, очекуваниот животен век сега е 14 години, а има голем број пациенти кои ги надминале тие очекувања за над 2 години.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search