Сите мерки за заштита од Ковид-19 - Acıbadem Healthcare Services (MK)
Сите мерки за заштита од Ковид-19

Сите мерки за заштита од Ковид-19

Аџибадем повторно започнува со прием на пациенти во Турција

Светот со месеци поминува низ криза заради ширењето на Ковид-19. Неколку земји, вклучувајќи ја и Турција, воведоа целосен или парцијален карантин  за  да го забават ширењето на вирусот. Во овие околности Здравствената групација  Аџибадем ги презема сите потребни мерки на претпазливост и продолжува да ги штити сите пациенти.

Од 11 март 2020, денот кога беше официјално регистриран првиот случај на заразен од коронавирус во Турција, Здравствената групација Аџибадем ја воведе процедурата за работа во  вонредна состојба и ги реорганизира своите болници и медицински центри. Бидејќи ги  исполнуваме критериумите утврдени од Министерството за здравство, нашите болници се прогласени за кризни центри и истото ни овозможи  дијагностицирање и лекување на пациенти со Ковид-19, придружено со други испитувања, дијагностички и тераписки услуги. Покрај нашата физичка и медицинска нега, нудиме и хуманитарна поддршка на луѓето во текот на нивното лекување.

Контролата врз ширењето на инфекцијата и безбедносните мерки во нашите болници се секогаш супериорни во однос на глобалните просеци. За пандемијата „Ковид-19“, ги преиспитавме овие мерки и постојано ги унапредуваме во рамките на нашиот Комитет за инфективни болести. Сомнителните или потврдени пациенти со Ковид-19 се изолираат од другите пациенти и се хоспитализираат во оддели претходно одредени за таа намена. Здравствените работници кои се задолжени да се грижат за сомнителните или потврдени пациенти не се вклучени во лекувањето на незаразените пациенти, за да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Јавните места во болниците често се дезинфицираат, отстранети се списанијата во чекалните, како и масите и столчињата во кафетериите, каде е дозволено да се продава само спакувана храна, а има и посебен лифт за сомнителни и потврдени пациенти заразени со Ковид-19. Имаме посебни простории во болниците за лекари, медицински сестри и друг персонал, кои се грижат за пациенти со Ковид-19 и кои не одат дома за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Сите пациенти кои имаат симптоми на треска и кашлица се прифаќаат во изолиран дел во Ургентен Центар. Целиот медицински персонал е опремен со заштитна опрема, како  и сите пациенти за да се спречи натамошното шиење на вирусот. Прегледите и местата каде што се прегледуваат пациенти кои не се  заразени со Ковид-19 се стриктно резервирани и изолирани од итните случаи. Дополнително, за овие пациенти е одговорен персоналот што е специјално распореден во овој оддел. За пациентите со карцином и хронични заболувања, ние создадовме посебни локации за влез во болниците. Дозволен е само еден придружник на секој пациент и се мери нивната телесна температура. Сите пациенти кои ќе бидат подложни на операција, првично се тестираат за Ковид-19. Медицинскиот персонал е опремен со лична заштитна опрема.

Целата опрема е стерилизирана во  Оддел за централна стерилизација и операционите сали се дезинфицираат пред секој зафат. По операцијата, пациентите се хопситализираат во еднокреветни соби наменети за постоперативно закрепнување.

Како здравствена групација, ние ќе продолжиме да ги следиме и почитуваме препораките на Светската здравствена организација и на Министерство за здравство на Турција и ќе  продолжиме со приоритетнатата грижа за нашите пациенти. Со задоволство  ве уверуваме дека ние продолжуваме да ги поддржуваме медицинските потреби на нашите пациенти во оваа екстремна состојба.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search