БЕБИЊАТА СЕГА МОЖАТ ДА СЕ ЛЕКУВААТ УШТЕ ДОДЕКА СÈ УШТЕ СЕ ВО МАТКАТА - Acıbadem Healthcare Services (MK)
БЕБИЊАТА СЕГА МОЖАТ ДА СЕ ЛЕКУВААТ УШТЕ ДОДЕКА СÈ УШТЕ СЕ ВО МАТКАТА

БЕБИЊАТА СЕГА МОЖАТ ДА СЕ ЛЕКУВААТ УШТЕ ДОДЕКА СÈ УШТЕ СЕ ВО МАТКАТА

ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА, ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ МОЖЕ ДА НЕ БИДАТ ДОВОЛНИ САМО КОНСУЛТАЦИИТЕ СО ГИНЕКОЛОЗИ И АКУШЕРИ. БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПЕРИНАТОЛОГИЈАТА, ИСТО ТАКА ПОЗНАТА И КАКО ФЕТАЛНА МЕДИЦИНА, ПРЕГЛЕДОТ И ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБИЊАТА ЗАПОЧНУВААТ УШТЕ ДОДЕКА СЕ ВО МАТКАТА НА МАЈКАТА.

Полето на перинатологијата, кое се занимава со здравјето и на мајката и на фетусот, има посебно важна улога во раната дијагностика и третман во случаите на ризична бременост. Професор Умут Дилек (Umut Dilek), гинеколог-акушер и перинатолог во болницата Атакент при универзитетот Аџибадем, нагласува дека надзорот од страна на перинатологот е од пресудно значење не само за време на бременоста, туку и за време на планирањето на самата бременост и го објаснува значењето на перинатологијата: „Главен предмет на студирање за мене и моите колеги се гинекологијата и акушерството и не е секогаш лесно да се препознае линијата меѓу гинекологијата и акушерството и перинатологијата. Повеќето од бремените жени во секој случај се следат од страна на гинеколог-акушер. Ние перинатолозите даваме совети и интервенираме кога е потребно, даваме насоки во дијагностичките процедури и управуваме со процесот на лекување. Промените кои се случуваат поради бременоста можат да имаат значајни ефекти врз здравјето на мајката. Еден од најважните примери за ова е хипертензијата која е предизвикана од бременоста. Обично се среќава по 20 гестациска недела, а го нарушува хранењето на плодот. Покрај тоа, хипертензијата и некои супстанции кои се ослободуваат во телото во овој период влијаат врз црниот дроб, бубрезите, централниот нервен систем, очите, белите дробови и крвните клетки на мајката. Со оглед на тоа што бременоста и она што се случува во тој период влијаат и на мајката и на фетусот, во нашата бранша мораме да ги следиме и мајката и плодот.“

НЕДЕЛИТЕ ВО ТЕКОТ НА КОИ ИДНИТЕ МАЈКИ ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ

Проф. Умут Дилек укажува дека во определени гестациски недели е многу важно да се направи проценка на здравјето на бебето во матката и ги наведува споменатите периоди:

·         меѓу 11 и 14 недела: во текот на овој период може да се прегледа мајката за абнормалности на хромозомите (Трисомија 18 и 13), посебно Даунов синдром, а тоа се прави со примерок од крвта на мајката и скрининг за нухална транслуценција, којшто се прави со помош на ултразвук. Прегледот со ултразвук исто така овозможува однапред да се утврди постоењето на една третина од конгениталните, т.е. вродените аномалии.

·         меѓу 18 и 23 недела: ова е периодот во кој мајката се подложува на преглед за аномалии на плодот или со други зборови преглед на плодот, којшто исто така се нарекува и четиридимензионален или детален преглед со ултразвук. Овој преглед со ултразвук им помага на специјалистите да го проценат растот на плодот и пренаталниот развој на органите. Овој тип евалуација е многу важен за откривањето структурни проблеми, бидејќи приближно 30% од потенцијалните аномалии можат да се откријат во периодот меѓу 11 и 14 недела, а истиот сооднос се зголемува до 70% за време на периодот меѓу 18 и 23 недела. Причината за ова е фактот што прегледите со помош на ултразвук стануваат полесни со растењето на плодот, како и на фактот што некои органи чиј развој продолжува во следните недели, како што е мозокот, комплетираат некои многу важни фази на раст во овој период и се многу поподобни за преглед.

На сите бремени жени им се препорачува да се подложат на перинатолошки прегледи и ултразвучни скенови и тестови по 11 гестациска недела. Од друга страна, проф. Умут Дилек нагласува дека бремените жени чија бременост е исклучително ризична треба да бидат под надзор на перинатолог за време на целата бременост и вели: „Во сите случаи на бременост која е потешка од нормално, од суштествена важност е присуството и интервенцијата на перинатологот во процесот и идните мајки да го комплетираат процесот на следење и периодите на третман, водени од страна на нивниот перинатолог. Затоа, за сите ситуации кои се сметаат за вонредни, како погрешни тестови или откривање структурни проблеми во резултатите од ултразвукот и проблеми кои влијаат врз растот на плодот, покрај рутинските прегледи, потребен е и надзор од перинатолог“.ПЕРИНАТОЛОГИЈАТА ИМА ПРЕСУДНА ВАЖНОСТ КАЈ РИЗИЧНАТА БРЕМЕНОСТ

Консултација со перинатолог е потребна и ако во семејството има или имало дете кое развило генетско заболување или имало структурни проблеми за време на бременоста на мајката, а и ако мајката или таткото имаат наследни состојби или партнерите се во крвно сродство и има конгенитални дефекти кои се идентификувани кај различни членови на семејството од второ или трето колено. Проф. Дилек вели дека на листата можат да се додадат и системските болести кај мајката: „Примери за такви болести се епилепсија, намалена активност на тироидната жлезда, прегестациски дијабетес или срцеви заболувања, вродени срцеви заболувања, хипертензија и заболувања на сврзните ткива. Во случај која било од овие или слични болести да е присутна кај бремената жена, нејзиниот гинеколог-акушер треба да ја води нејзината бременост во соработка со перинатолог и специјалисти за областа во која спеѓа конкретното заболување. Таквата соработка е исто така важна и за пациентите кои се подложуваат на трансплантација на орган и за кои повеќе не е опасно да минуваат низ бременост”.

ЦЕЛТА НА РАНАТА ДИЈАГНОЗА Е ЗАБРЗУВАЊЕ НА ЛЕКУВАЊЕТО

Интервенцијата кај сите аномалии кои се откриле кај плодот или барем кај некои од нив веднаш по раѓањето на бебето може да му го спаси животот. Подвлекувајќи ја важноста на испитувањата и тестовите и раното откривање, проф. Дилек вели: „Модерната медицина овозможи некои вродени аномалии да се лекуваат успешно веднаш по раѓањето. Раната дијагноза, генетската дијагноза и утврдувањето дали се работи за една аномалија или таа придружува други проблеми се важни. Нашите должности ги вклучуваат споменатите процедури и, во случаите во кои се планира третманот да се спроведе во текот на постнаталниот период, упатување на мајката и таткото кон докторот што ќе ја третира состојбата, обезбедување координација меѓу партнерската двојка и нивниот доктор и идентификување на времето на раѓање. Некои аномалии можат да се лекуваат кога семејството ќе консултира соодветни специјалисти неколку месеци по раѓањето, додека пак за други е потребна операција веднаш по раѓањето на бебето. На пример, времето е пресудно во случаи како што се срцеви заболувања и кила на дијафрагмата или хијатална кила, кога е потребно веднаш да се извршат хируршките процедури. Во таквите случаи, ако пред раѓањето била дијагностицирана конгенитална срцева аномалија, педијатриски кардиолог, неонатолог и хирург со специјализација во педијатриска кардиоваскуларна хирургија формираа тим и го спроведуваат лекувањето на бебето на најдобар можен начин. За некои срцеви проблеми операцијата мора да се изврши во првите 24 до 72 часа по раѓањето за лекувањето да биде успешно. Ако аномалиите се откриени додека бебето било во матката и не е третирано сè додека не покажало симптоми како што е цијаноза, може да се пропушти времето кое е од пресудна важност за третман на состојбата. Всушност, ова може да иницира процес што може да доведе до смрт на новороденчето”.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search