Кога станува збор за расцеп на устата и непцето, изразите како „зајачка уста“, „волчја уста“ се гледаат како нешто наивно, па дури и слатко. Меѓутоа, таквите поистоветувања предизвикуваат длабока болка, посебно во малечките срца на децата! Проф. Хакан Агир (Hakan Ağır), специјалист за естетска, пластична и реконструктивна хирургија во болницата Аџибадем Алтунизаде, наведува: „Поради ваквите поистоветувања и цинични изреки, децата може да се соочат со ментални и социјални проблеми, а, исто така, тие можат да доведат и до слаб успех во училиштето и образованието. Таквите поистоветувања треба да се избегнуваат. Згора на тоа, расцепот на устата и непцето сега може едноставно да се третираат од страна на стручни лица, при што речиси и да не останува лузна и нема потреба од долги и скапи процедури на лекување како порано. По ова прашање, Турција го достигна истото ниво како и западните земји. Проблемот може да се надмине само ако ја промениме лажната перцепција во нашето општество.“ Проф. Хакан Агир ни ги објасни последните достигнувања во врска со расцепот на устата и непцето и неговото лекување, а ни даде и важни препораки и предупредувања.
Развојот на лицето на бебето во матката е комплетиран во третиот месец од бременоста. Расцепот на устата и непцето се случува кога развојот на устата и непцето на бебето е попречен од причини кои можат да бидат со генетско или непознато потекло. Во просек, во нашата земја со вакви проблеми се раѓаат 5 бебиња дневно, кај кои се забележува естетски деформитет на усните, носот, забите и структурата на вилицата, што влијае говорот да биде неразбирлив. Проф. Хакан Агир, специјалист за естетска, пластична и реконструктивна хирургија во болницата Аџибадем Алтунизаде, наведе дека речиси 100.000 лица во нашата земја живеат со овој проблем, односно бифуркација на увулата и скриен расцеп, за кој не е потребен третман, и рече: „Меѓутоа, во денешна Турција, може да се постигне истиот успех како во западните земји, во медицински центри со обучени и искусни хирурзи кои често го применуваат овој третман. Во Турција се постигнуваат големи и важни успеси во областа на пластичната хирургија, ортодонцијата и говорната терапија. Со усовршувањето на хирургијата, третманот на расцеп на устата сега се врши без да останат лузни на усната, носот или кожата.
Проф. Хакан Агир нагласува дека, кога ултразвучниот преглед ќе открие дека бебето во матката има расцеп на устата или непцето, важноста на подигнувањето на моралот и волјата кај бремените жени и на поддршката од страна на сопругот и членовите на семејството е многу голема и вели: „Откако ќе се добијат резултатите од ултразвучниот преглед, ги советуваме родителите да посетат специјализиран хирург за пластична хирургија во некој од медицинските центри“, бидејќи дезинформацијата може да предизвика разни реакции, дури и барање да се прекине бременоста. Расцепот на устата и расцепот на непцето не се сметаат за медицинска причина за прекин на бременоста. Со едуцирање на мајката, таткото, членовите на семејството, па дури и членовите на потесниот круг на пријателите, можат да се спречат многу психолошки проблеми, како што се депресијата и социјалната изолација.
Укажувајќи дека расцепот на устата и непцето не се закана за животот на бебето ако се мониторираат од страна на професионални експерти, проф. Хакан Агир наведува дека циничнииот и дискриминаторскиот став на соучениците може да доведе до сериозни нарушувања во менталниот развој кога бебето ќе порасне и ќе влезе во периодот на детството. Кога ваквите деформитети се именуваат како „зајачка уста“ или „волчја уста“ меѓу луѓето, тоа ги разгневува и педијатриските и возрасните пациенти, предизвикува интровертност и сериозен недостиг на самодоверба, доведувајќи до неуспех на училиште и проблеми со социјалната адаптација. Во врска со ова, проф. Хакан Агир вели: „Таквите поистоветувања мора да се избегнуваат. Тоа се наши деца кои многу ни значат и не е во ред да се прават поистоветувања со животни, дури и ако нема лоша намера. Всушност, нашиот социјален пристап, културната и образовната средина сè уште не се на посакуваното ниво, не само за децата со расцеп на устата и непцето, туку и за деца и возрасни со слични деформитети и дисфункционалности на лицето и на видливите делови од телото. Треба да се преземат мерки за што побрзо надминување на овие проблеми.“
Специјалистот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија проф. Хакан Агир ја кажа добрата вест дека во последните 10 години во нашата земја и светот постои големо подобрување на третманот на расцеп на устата и непцето и рече дека дијагнозата на расцеп на устата со ултразвук за време на бременоста достигнала речиси 50%, што овозможува да се им се помогне на поголем број бебиња, да се обезбеди обука за постпородилната исхрана и преодниот период. Укажувајќи дека кај бебињата, операцијата се врши според препораките што се прифатени на светско ниво, односно по периодот од 10 недели, проф. Хакан Агир вели: „За едно бебе со расцеп на устата и непцето, најважни се првите операции за затворање на расцепот, односно во првата година од животот. Меѓутоа, и останатите естетски поправки, операции за корекција на говорот, трансфер на коски, максиларни и операции на назалната регија се исто така многу важни“. Проф. Хакан Агир исто така наведува дека повеќе не постои страв од допирање на покривот на носот и врвот како порано, дека сега е возможна целосна поправка дури и со првата операција и вели: „Со усовршувањето на хируршките техники, сега е возможно по операциите за поправка на расцеп на устата да се постигнат такви резултати, што нема да остане ниту лузна. Инцизиите на назалните школки повеќе не се неопходни. Фактот што сè се врши во вистинското време, на вистинското место и работата е во вистински раце, прави денес да биде тешко да се разликуваат овие деца и возрасни од здравите“.
Денес има голем број пациенти со расцеп на устата и непцето кои продолжуваат со секојдневниот живот со помош на разни естетски, дентално-максиларни нарушувања и нарушувања во говорот, иако биле подложени на прва операција. Меѓутоа, овие негативни искуства не значат дека повеќе не постои решение. Иако голем број пациенти и нивните семејства се откажуваат од третманот сметајќи дека или нема ништо да промени или дека таквите операции се премногу скапи, проф. Хакан Агир вели: „Сè додека последниот збор го имаат медицинските центри, кои работат со тимски дух и се посветени на третманот на оваа состојба, секогаш ќе има простор за подобрување. Згора на тоа, трошоците за овие третмани можат да бидат дури и пониски од оние за други обични операции“. Наведувајќи дека, како во светот, така и во Турција, третманот и следењето на случаите со расцеп на устата и непцето се вршат преку стручни центри и тимови, проф. Хакан Агир вели дека во последните години се постигнуваат големи успеси како во решавањето на естетските проблеми, така и во третманот на нарушувањата на говорот.