ЕРА НА ХИРУРГИЈАТА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ кај калцификација на зглоб на колено - Acıbadem Healthcare Services (MK)
ЕРА НА ХИРУРГИЈАТА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ кај калцификација на зглоб на колено

ЕРА НА ХИРУРГИЈАТА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ кај калцификација на зглоб на колено

ОПЕРАЦИИТЕ НА ДЕГЕНЕРАЦИЈА НА ‘РСКАВИЦАТА, ПОЗНАТА И КАКО КАЛЦИФИКАЦИЈА, СЕГА МОЖАТ ДА СЕ ВРШАТ И СО РОБОТСКА ХИРУРГИЈА. ОВОЈ МЕТОД ГО НАМАЛУВА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ЗАЗДРАВУВАЊЕ И ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ПРОТЕЗИТЕ КОИ СЕ ИМПЛАНТИРААТ СО ХИРУРШКИТЕ ОПЕРАЦИИ.

Проблемите при качување или слегување по скали, болка при седење или одење, неможност за слегување по надолнина се едни од главните проблеми со кои се соочуваат луѓето во поодмината возраст. Една од нив беше Џемиле Акардере. Г-ѓа Џемиле, која веќе имаше проблеми дури и со спиењето, а камоли со движењето, се консултираше со вонредниот професор Алпер Каја (Alper Kaya), ортопед травматолог во болницата Аџибадем Кадиќој, со цел да се ослободи од болката во коленото која почнала да ѝ пречи во секојдневните активности. По вградувањето на делумната протеза на коленото, која се изврши со роботска операција, г-ѓа Џемиле може да се движи слободно и без болка.

СОСТОЈБАТА ПОЧЕСТО Е ПРИСУТНА КАЈ ЖЕНИ

Вонредниот професор Каја наведува дека дегенерацијата на ‘рскавицата, која општо се нарекува калцификација, е проблем којшто многу често се среќава кај лицата во поодмината возраст и дека оваа состојба, која е почеста кај жените, се манифестира со силни болки. Калцификацијата, чијшто причинител во голем број случаи не може да се открие, може исто така да се развие поради ревматски проблеми, повреди и преоптоварување на колената. Со оглед на тоа што ‘рскавицата не е ткиво кое може да се обновува, протетската операција на коленото е решение во случаите кога болката не може на друг начин да се елиминира.

СЕЛЕКЦИЈА НА СООДВЕТНАТА ПРОЦЕДУРА ЗА ПАЦИЕНТОТ

Вонредниот професор Каја вели: „Операцијата, иако е дефинитивно решение, е последниот избор.“ и додава: „Прво ги применуваме наједноставните проведури. Се применуваат средства против болки, физиотерапија, интраартикуларни инјекции и ПРП апликации. Со овие методи може успешно да се третираат случаи кои се во поблага форма и рана фаза на калцификација. Меѓутоа, ниту една од овие процедури не обезбедува целосно опоравување. Генерално, калцификацијата продолжува да прогредира, а споменатите процедури само ја ублажуваат болката. Болкеата исто така влијае врз психата на пациентот и предизвикува негова изолација од социјалниот живот. Операцијат е потребна кај лицата кои веќе поминале низ претходните фази и не можело да се постигне заздравување“.

Наведувајќи дека постојат три опции за операција, вонредниот професор Алпер Каја набројува  неколку други опции:

ОПЕРАЦИЈА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ НА КОЛЕНОТО ИЛИ ОСТЕОТОМИЈА: овој тип операција може да се примени во случаите на рана фаза на дегенерација на ‘рскавицата. Кога дегенерацијата ќе предизвика дел од коленото да биде поизложен на оптоварување и трошење, се нарушува усогласеноста на коленото и еден дел мора да трпи поголемо оптоварување од другиот дел. Операцијата која го поправа овој проблем овозможува еднаква распределба на оптоварувањето на обата дела и ја намалува болката на пациентот.

ИНТРААРТИКУЛАРНА ОПЕРАЦИЈА: овој тип операција вклучува чистење на интраартикуларниот дел со артроскопија и отстранување фрагменти од ‘рскавица, како и поправка на оштетувања на менискусот ако ги има. Ако се работи за висок степен на дегенерација на ‘рскавицата, операцијата не дава дефинитивни резултати. Меѓутоа, на пациентите со поблаги проблеми, механичка болка и оштетувања на менисусот им се препорачува да се подложат на оваа операција.

ПРОТЕЗА НА КОЛЕНО: пациентите чија состојба не се подобрува со ниту еден друг метод, можат да се подложат на артропластика – процедура со која ‘рскавицата се заменува со метален имплант. Протезите постојат во две варијанти: делумни и целосни. Пациентите кај кои постои целосна дегенерација на ‘рскавицата добиваат целосни протези, додека делумните протези се даваат кај оние кај кои е дегенериран само дел од ‘рскавицата. Овој тип операција им овозможува на пациентите да му се вратат на секојдневниот живот.

РОБОТСКАТА ХИРУРГИЈА ОВОЗМОЖУВА БРЗО ПЛАНИРАЊЕ

Роботската хирургија во овој миг се применува само при имплантација на делумни протези на колено. Меѓутоа, вонредниот професор Каја нагласува дека наскоро ќе се користи и во процедурите за вградување целосна протеза на колено. Каја исто така наведува дека роботската хирургија овозможува многу брзо комплетирање на интраоперативното тридимензионално моделирање на коленото на пациентот на компјутер.

Роботската хирургија вклучува процедури на остеотомија (инцизии на коски), кои се вршат токму како што е направен планот на компјутер, со помош на специјална тркалезна роботска алатка од 6mm, наместо да се употребува алатка за сечење коски. Наведувајќи дека роботскиот систем овозможува протезата да биде поставена колку што е можно попрецизно, вонредниот професор Каја вели: „Со овој систем можеме без грешка да вградуваме протези, отстранувајќи го само оштетениот дел и сочувувајќи ја стабилноста на лигаментите. Операцијата на г-ѓа Џемиле даде многу позитивни резултати во сите фази и целата процедура беше успешна. Системот за роботска хирургија во голема мера им ја олеснува работата на искусните хирурзи и нејзина голема предност е што го забрзува процесот на заздравување на пациентот поради тоа што овозможува операцијата да се врши преку малечки инцизии. Стапката на успешност на овие роботски процедури е околу 90%. Со оглед на тоа што оваа технологија сè уште е нова, засега немаме долгорочни податоци, но предвидуваме дека животниот век на протезите ќе биде подолг, а стапката на успешност ќе биде повисока од 90%”.

СЕГА МОЖЕ ДА СЕ ДВИЖИ СЛОБОДНО

Џемиле Акардере, која долго време страдаше од болки во коленото и во последно време имаше тешкотии со движењето, сподели со нас информации за процесот на лекување и резултатите: „Пред оваа операција за вградување на протезата на коленото, имав операција на истото колено поради оштетување на менискусот и калцификација. Меѓутоа, тоа не ми ја ублажи болката. Не помогнаа ниту физикалната терапија, ниту инјекциите. Не бев во состојба да се движам, да одам по надолнина, да се качувам по скали, не можев да ги вршам секојдневните активности. Мојот доктор вонредниот професор Алпер Каја препорача операција за вградување протеза на колено. Операцијата траеше час и половина. Престојував во болница четири дена. За време на хоспитализацијата, одев со помош на одалка, но престанав да ја користам кога се вратив дома. За две недели успеав да застанам како што треба и почнав да ги вршам сите активности. Се подложив на операција на 22 јули и сега немам никакви проблеми, продолжив со животот од онаму каде што застанав.“

ВНИМАВАЈТЕ!

Калцификацијата се појавува поради различни причини, но вонредниот професор Алпер Каја подвлекува дека проблемите кои се поврзани со оваа состојба ќе се намалуваат ако лицето не запоставуваат некои услови:

·         прекумерната тежина не е причина за качфицикацијата, ное фактор кој го забрзува напредокот на болеста. Кога се движиме, нашите колена ја носат целата тежина на нашето тело. Колку е поголема тежината на еден човек, толку побрзо ќе дојде до дегенерација на лигаментите, бидејќи оптоварувањето на колената е поголемо. Затоа е многу важно да се одржува идеалната телесна тежина.

·         Контролираното вежбање е исто така важно. Пациентите можат да ги намалат симптомите ако практикуваат физички активности кои се соодветни за нивната возраст и телесна состојба.

·         Со оглед на тоа што калцификацијата може да се развие и поради ревматски нарушувања, третманот во никој случај не смее да се занемари.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search