ПРИКАЗНАТА ЗА СКОЛИОЗА НА МАРИЈА: ОД ИСЛАНД ДО ТУРЦИЈА
Марија, девојка која се занимаваше со танц, беше активна спортистка и играше фудбал 4 години, имаше само 16 години кога таа и нејзините родители за првпат во нивните животи слушнаа за дијагнозата „сколиоза“. Ги преплавија шок и страв. Веднаш почнаа да бараат опции за лекување. Најновиот метод за лекување на оваа болест, којашто е стара колку и историјата на човекот, беше пронајден со помош на модерните начини на комуникација. По истражувањето кое го направија на Фејсбук и интернет, сметаа дека најдобар избор е методот „tethering“ (тетеринг), којшто овозможува ‘рбетот да продолжи да расте. Во последните 5 години, во светот имало две применети опции на овој метод: САД или Турција. Како резултат на внимателно истражување, тие дојдоа до д-р Ахмет Аланај (Ahmet Alanay), професор по ортопедија и травматологија во Спиналниот центар на болницата „Аџибадем Маслак“. Марија и нејзиното семејство се вратија во својата земја пресреќни и го изразија својот восхит кон Турција.
Турција, која во последните години привлече внимание како блескава ѕвезда со пронајдоците и продорот во здравствениот туризам, сега исто така им дава надеж и на пациенти од Европа, благодарение на искуството на лекарите, технолошки најсовремените апарати и достапните цени на третманот. Меѓу тие пациенти е и шеснаесетгодишната Марија Арнарсдот (Maria Arnarsdot), пациентка од Исланд. Кога сколиозата, која се дефинира како искривување на ‘рбетот налево или надесно и е присутна кај 3 од 100 деца, ја замрачи иднината на Марија,нејзиното семејство направи детално истражување и реши наместо во САД, да ја одведе во Турција на операција. Ваквиот третман се применува во болницата „Аџибадем Маслак“ и во неколку центри во САД. Меѓутоа, трошоците во САД се многу големи, а при истражувањето што го направиле на социјалните мрежи и интернет, голем број луѓе кои биле на третман за сколиоза го препорачале проф. д-р Ахмет Аланај, така што семејството се упатило кон Истанбул без многу претходни информации.
„Првпат слушнавме за сколиозата и бевме шокирани!“
Марија, во чиј живот спортот бил присутен многу години, се занимавала со танц, вежбала гимнастика од својата 6 до 11 година и продолжила со фудбал 4 години, пред две години почнала да чувствува болка кога трча, посебно во половината и грбот. Нејзините родители ја одвеле на лекар во Исланд поради курватурата која почнала да се појавува на нејзиниот ‘рбет, а болката постепено се зголемувала дури и при дишење. Лекарите препорачале фузиона операција (фиксација на ‘рбетот), која е конвенционално хируршко решение за третман на сколиоза. Меѓутоа, семејството не беше одушевено од предложената фузиона операција и побара надеж во поинакви методи. „Дотогаш не знаевме ништо за сколиозата, ниту пак бевме слушнале за името на болеста. Бевме многу загрижени кога ѝ беше дијагностицирана сколиоза, бевме исплашени, дури шокирани“, рече семејството, кое ја одвело на терапија по програмата Шрот во Лондон, барајќи надеж во методите на физикалната терапија. Меѓутоа, кога ниту тоа не ги решило проблемите, започнало долготрајно и подробно истражување во врска со операција и лекар.
Голем број успешни операции и економична цена
Барајќи решение кое е поинакво од фузионата операција, семејството разговарало со многу луѓе на Фејсбук кои имале слични проблеми и пронашле решение со методот „tethering“ без фузија. Методот не се имплементирал во Европа. За овој метод, којшто во светот се применува во последните 5 години, постоеле две опции: САД или Турција. Како резултат на долготрајно и подробно истражување, тие се консултираа со д-р Ахмет Аланај, професор по ортопедија и травматологија во Спиналниот центар на болницата „Аџибадем Маслак“. Пресреќен од успешниот исход од операцијата, таткото на Марија Арнарсдот, којшто живее во Лондон, рече: „Минатата година посетивме еден доктор кој ја применува оваа процедура во САД и ни рече дека Марија е погоден кандидат за третманот, но, нашето здравствено осигурување не го покрива. Третманот во САД е многу скап. Кога направивме истражување на алтернативите во Европа, луѓето од групите и на Фејсбук и на интернет, како и нашиот доктор во САД, секогаш го препорачуваа д-р Ахмет Аланај. Кога се сретнавме со него, почувствувавме дека можеме да имаме доверба во неговото искуство и дека тој ќе може да ѝ помогне на нашата ќерка да оздрави. Згора на тоа, неговиот пристап беше многу јасен и искрен, тој не ги рекламираше своите услуги пред нас, туку јасно ни ги објаснуваше болеста, лекувањето и состојбата на Марија“.
Ќе продолжам да се занимавам со спорт
Сè додека не ѝ беше дијагностицирана сколиоза, Марија и нејзиното семејство воопшто не знаеле дека Турција напредувала и станала блескава ѕвезда во областа на здравството и дека многу луѓе одат во Турција на лекување. Иако не беа сосема решени за Турција, бидејќи турскиот јазик и култура не им се блиски, бројните успеси на д-р проф. Ахмет Аланај ја елиминираа нивната загриженост и им дадоа надеж. И не беа разочарани. Марија, која брзо се опорави од последната успешна операција, беше пуштена од болница и изјави дека се чувствува многу добро и дека ќе продолжи да се занимава со спорт по враќањето дома. „Овој центар е врвен во поглед на неговата структура и услуги. Покрај тоа, сите, од докторите и медицинските сестри, па сè до останатиот здравствен персонал, имаат пријателски однос и веднаш ни излегуваат во пресрет“, рече таа.
Проф. д-р Аланај: „Метод што го користиме 3,5 години“
Проф. д-р Ахмет Аланај изјави дека техниката „tethering“, која успешно започнале да ја користат пред 3,5 години, беше револуционерен третман на сколиоза и истакна: „Овој метод, којшто дотогаш не беше применет во Европа, туку само во неколку центри во САД, за првпат го администриравме во Турција пред 3,5 години и постигнавме одлични резултати. Тој сè уште беше нов и во САД. Потоа брзо напредувавме во поглед на потребната опрема која се развиваше во нашата земја. Операцијата на Марија исто така беше многу успешна. За разлика од фузионата операција, која вклучува фузирање делови од коски, методот „tehtering“ не го спречува развојот на ‘рбетот. Мислам дека ќе има широка примена во третманот на сколиоза во иднина. Д-р Ахмет Аланај кажа дека започнале да ги презентираат своите достигнувања со овој метод на меѓународни конгреси и дека пациенти од Европа започнале да доаѓаат на третмани и рече: „Сите сфатија дека Турција е во многу подобра положба во споредба со западниот концепт на болници, бидејќи користи најсовремена технологија и има висококвалификувани и искусни доктори. Во третманот на сколиоза, во овој миг Турција е многу барана дестинација од многу земји во светот поради големите успеси во третманот на сколиоза“.
„Tethering“: поголема способност за движење, минимално крвавење, брзо опоравување!
Благодарение на овој специјален метод, којшто по САД првпат се примени во Турција, ‘рбетот на детето не се фузира. Тоа овозможува детето да расте и да нема ограничување во движењата.
Курватурата се намалува со затегање на специјално јаже од полиестер, кое се става на ‘рбетот. Со поддршка на тоа јаже, пациентот расте, станува повисок, а курватурата од ден на ден сè повеќе се исправува.
Крвавењето и болките се сведени на минимум и опоравувањето е многу брзо, бидејќи ова е затворен метод и се користи камера која се внесува преку 6 малечки дупчиња. Пациентот му се враќа на секојдневниот живот кусо време по отпуштањето од болница.
Со овој метод се прави малечка инцизија од 3-4cm, којашто е едвај видлива, со што пациентот е поштеден од долгата лузна на грбот.