Процедури за прием на меѓународни пациенти за време на Ковид-19

Процедури за прием на меѓународни пациенти за време на Ковид-19

Почитувани посетители;

Ви благодариме за довербата што ја укажувате на Здравствената групација Аџибадем за вашиот лекарски третман. Како Здравствена групација свесни сме за потешкотиите и забраните за патувања, затоа се обидуваме да го олесниме вашето патување што е можно повеќе. Ве молиме прочитајте ги следниве инструкции пред да патувате и контактирајте не доколку имате дополнителни прашања.

  • Вие и вашиот придружник треба да поседувате негативен резултат на КОВИД-19  PCR тестот направен во последните 48 часа пред патувањето. Доколку е тоа  возможно, направете го тоа во вашата земја.
  • Треба да ни ги доставите потребните формулари и документи
    • Валидни формулари за согласност за себе и за вашите придружници.
    • Резултати од КОВИД-19  PCR тестот
    • Медицински извештаи за тековната дијагноза
    • Копија од вашиот пасош и пасошот на вашиот придружник
  • Откако ќе купите авионски или автобуски билет треба да не известите околу деталите.
  • За сега, не можете да ја поминете границата со сопствен автомобил.
  • На  граница, треба да покажете негативен КОВИД-19  PCR тест, признаен од вашата земја.
  • Ако вие или вашиот придружник имате симптоми на КОВИД-19 (кашлица, покачена телесна температура) при влегување во автобус или авион, ќе бидете вратени назад затоа бидете внимателни во врска со симптомите на вашата моментална состојба.
  • Треба да носите на себе маска при влегување во автобусот или авионот. Маската ја менувате на секои 3 часа и при нејзиното менување задолжително употребувајте средство за дезинфекција.
  • Кога ќе пристигнете на аеродром, ќе бидете проверени дали покажувате симптоми на КОВИД-19 и ќе бидете тестирани. Тестот не се наплаќа.
  • На царина во Турција, треба да го покажете негативниот КОВИД-19  PCR тест и документи кои покажуваат дека имате покана во рамките на меѓународниот медицински туризам во Турција.
  • Потребно е да носите маска на себе во текот на целиот престој  на царина.
  • Кога ќе завршите со царинската проверка и ќе бидете подготвени за трансфер до болницата, Ве молиме пристапете кон собирниот центар на Аџибадем здраствениот пункт на излезот од аеродромот.
  • Ќе бидете пренесени до нашата болница со назначено и дезинфцирано транспортно или амбулатно возило во зависност од вашата здравствена состојба. Нема да можете да бидете пренесени до друга локација освен назначената болница.
  • Вие, придружникот и возачот треба да ја ставите маската пред да се качите во возилото.
  • По секој превоз амбулантните возила се дезинфицираат, а заштитната опрема на возачите се отстранува како медицински отпад.
  • Кога ќе пристигнете во нашата болница, ќе бидете пречекани од страна на здраствениот тим од приемното одделение. Тие ќе комуницираат со вас на вашиот јазик во текот на лекарскиот третман.
  • Доколку вашето лекување е завршено во рок од 7 дена може да бидете пуштени со негативен  PCR тест, но ние Ви обезбедуваме превоз до аеродром.
  • Доколку вашето лекување заврши помеѓу седмиот и четиринаесеттиот ден може да бидете пуштени со негативен PCR тест. Превозот до аеродромот го обезбедуваме ние, но можете да останете во Истанбул доколку вашата виза (дозвола за престој) го дозволува тоа.
  • Доколку вашето лекување заврши после четиринаесеттиот ден ќе бидете пуштени без барање за направен PCR тест. Превозот до аеродромот го обезбедуваме ние, но можете да останете во Истанбул доколку вашата виза (дозвола за престој) го дозволува тоа.
×
Search