Нуклеарната медицина е новиот сојузник во раното откривање болести - Acıbadem Healthcare Services (MK)
Нуклеарната медицина е новиот сојузник во раното откривање болести

Нуклеарната медицина е новиот сојузник во раното откривање болести

Нуклеарната медицина е област на медицината во која разни болести се дијагностицираат и лекуваат со употреба на радиоактивни материи. Сепак, кога ќе се употребат зборовите „нуклеарна“ и „радијација“, тоа кај луѓето обично предизвикува страв. Во пракса, развојот што се постигна на ова поле има големо значење за раното откривање на голем број болести. Ова од своја страна овозможува третманите да даваат резултати кои се причина за насмевка на лицата на сите. Тестовите кои се користат во областа на нуклеарната медицина се разликуваат од радиолошките испитувања во тоа што вклучуваат употреба на радиоактивни материи и откриваат како работат ткивата и органите, а исто така даваат и снимки од анатомијата на пациентите. Со проф. Еркан Вардарели (Erkan Vardareli), специјалист за нуклеарна медицина во болницата „Аџибадем Козјатаги“ и шеф на Одделот за нуклеарна медицина на Факултетот за медицина при универзитетот „Аџибадем“, се консултиравме во врска со радиоактивните материјали што се употребуваат и нивните ефекти, како и тестовите кои се прават на ова поле. Проф. Вардарели објаснува дека радиоактивните материјали кои се користат во нуклеарната медицина се разликуваат во зависност од органот на којшто се применуваат тестовите.

Вардарели вели: „Нормално е луѓето да се вознемирени кога ќе се спомене зборот радиоактивно. Меѓутоа, дозата на радиоактивните супстанции која ние ја употребуваме е екстремно ниска. Затоа штетните ефекти кои би можеле да ги имаат овие материи врз човечкото здравје овде се сметаат за занемарливи, речиси и да не постојат. Сите наши студии се во рамките на ограничувањата кои се пропишани од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA). Тоа значи дека дозите на применетата радијација не се на ниво на кое би можеле да го загрозат здравјето на пациентите. На пример, количеството радиоактивни супстанции кои се употребуваат за сцинтиграфија на тироидната жлезда е еднаква на количеството на кое е изложен организмот кога лицето патува два часа со авион или неколку часа се сонча покрај морскиот брег“.

ОБЛАСТИ НА УПОТРЕБА ВО ДИЈАГНОСТИКАТА И ЛЕКУВАЊЕТО

Испитувањата во областа на нуклеарната медицина се состојат од разни тестови кои се специфични за еден орган или една група определени болести. Овие процедури, кои порано се нарекуваа „сцинтиграфски тестови“, сега се разликуваат меѓусебно во зависност од органот и целта на примената. ПЕТ, односно позитронската емисиона томографија е еден од овие тестови. Оваа процедура овозможува испитување и процена на индикаторите на важни телесни функции, како што се протокот на крв, искористувањето на кислородот и метаболизмот на шеќерите, а тоа се прави со помош на снимки од нормални и патолошки ткива во согласност со искористувањето на метаболни и радиоактивни материи кои се администрираат интравенозно. Со оглед на тоа што скенирањето со ПЕТ обично се врши заедно со скенирање со компјутерска томографија (КТ), двете процедури заедно се нарекуваат ПЕТ/КТ. ПЕТ/КТ помага во утврдувањето на областа во која се случуваат абнормалните активности во организмот.

МАТЕРИЈАЛИТЕ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВАРИРААТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ЦЕЛТА

Типот на радиоактивниот материјал што се користи зависи од органот што треба да се испитува. На пример, глукозата што е обележана со флуор е општ туморски маркер, додека пак, галиум 68 ПСМА (gallium 68 PSMA) се користи за скенирање канцер на простатата. Од друга страна, ДОТЕ (DOTE), е маркер којшто е специфичен за невроендокрини тумори.

Покрај методите на дијагностицирање, радиоактивните материјали имаат корисна примена и во лекувањето. Во случај тестовите кај некој пациент да откријат лезии од канцер на простатата, од пациентот се земаат определени молекули, се обележуваат со високоенергетски радиоактивен материјал лутециум 177, а потоа се инјектираат во телото на пациентот, со терапевтска намена.

ОНКОЛОГИЈАТА Е ОБЛАСТ ВО КОЈА НАЈМНОГУ СЕ КОРИСТИ ПЕТ/КТ

ПЕТ/КТ е посебно ефикасен кај онколошките пациенти. Методот исто така се користи и за некои невролошки заболувања, како и срцеви заболувања. Односот на употреба на ПЕТ/КТ во различни области е 90% во онкологијата, 5% во неврологијата и 5% во кардиологијата. ПЕТ/КТ има големо значење и за дијагностицирањето на коронарна артериска болест. Обично се очекува пациентите кои страдаат од миокарден инфаркт да имаат изумрени клетки во целата регија на инфарктот. Меѓутоа, можно е некои делови од ткивата да хибернираат со помало снабдување со крв за да преживеат. Кога снабдувањето со крв на тие области ќе се врати во нормална состојба со помош на ендартеректомија (отворање на артеријата), ткивата се опоравуваат. ПЕТ на срцето обезбедува важни информации и за овие ткива и за потенцијалот на бајпас операциите.

ЦВРСТИНАТА НА КОСКИТЕ

Дензитометријата е уште еден од тестовите кои се прават на полето на нуклеарната медицина, а целта е да се измери минералната густина на коскеното ткиво. Во случаите во кои има загуба на минерали од коските, овој тест овозможува идентификација на ризикот од фрактури и проценка на реакцијата на пациентот на терапијата. Густината на коскеното ткиво може да се утврди за само 10 минути со администрирање ниска доза рентгенски или Х-зраци на пациентот. Потреба од дензитометриски тестови обично се јавува кај постари лица.

СЦИНТИГРАФИЈА

Сцинтиграфијата е општиот термин кој се користи за процедурите на снимање што се вршат со употреба на радиоактивни материјали и гама камери. Сцинтиграфијата се користи за идентификација на проблеми во тироидната жлезда, црниот дроб, слезината, желудникот, цревата, бубрезите, жолчното ќесе, срцето, белите дробови, крвните садови и коските. Сцинтиграфските наоди овозможуваат рано откривање на голем број заболувања.

ГАМА СОНДИ

Гама сондите, чија употреба се прошири во последните години, се детектори кои се користат во областа на нуклеарната медицина за мониторирање гама или бета радијација. Овие направи, кои се големи колку пенкало, се чуваат стерилизирани во операционите сали. Тие помагаат во детекција на региите каде што се лоцирани на тој начин што се идентификуваат областите на искористување на радиоактивниот материјал и овозможуваат третирање на точните области со метод на отворени хируршки процедури.

ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ОБЛАСТИ

Проф. Вардарели наведува дека нуклеарната медицина е едно од најпопуларните полиња на специјалност и вели: „Докторите кои ја сфаќаат корисноста на апаратот за ПЕТ/КТ сè повеќе ја претпочитаат неговата употреба. Првиот апарат за ПЕТ/КТ под покривот на Здравствената групација „Аџибадем“ беше интегриран во 2002г. Таа година, со овој апарат беа скенирани 52 пациенти. За оваа година, пак, бројката е 1400. Кога беа скенирани споменатите 52 пациенти, во Турција имаше само три апарати за ПЕТ/КТ. Денес нивниот број се искачи на приближно 100“.

ИСТОРИЈАТА НА НУКЛЕАРНАТА МЕДИЦИНА ВО ТУРЦИЈА

Проф. Еркан Вардарели сподели со нас информации во врска со историјата на нуклеарната медицина во Турција: „Историјата на нуклеарната медицина во нашата земја не е долга, но мошне брзо се развива. Во педесеттите години на 21 век, проф. Супхи Артункал основа лабораторија во болницата „Хасеки“, а била основана и фондација „Врската меѓу мозокот и тироидната жлезда“. Професорот всушност беше ендокринолог и спроведуваше студии за функциите на тироидната жлезда. Во подоцнежните години, беше основана лабораторија во рамките на Одделот за интерни болести на Факултетот за медицина при универзитетот „Анкара“. Исто така, и специјалистите кои работеа во оваа лабораторија вршеа истражувања. Кога се забрза развојот на оова поле на светско ниво, Турција го успеа да фати чекор. Кога денес ја споредуваме нашата земја со останатиот дел од светот, ние воопшто немаме никакви недостатоци во рутината, дијагностиката на пациентите или лекувањето. Сето она што може да се стори во светот, може да се стори и во Турција.“

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search