Дали некогаш сте размислувале колку храната што ја јадеме е корисна или штетна за нашето здравје? Вашата исхрана е всушност инвестиција за вашето здравје.
Начинот на исхрана има многу значајна улога кај ракот, еден од најважните здравствени проблеми. Тоа што го јадете е исто толку важно колку и количината што ја консумирате.
Здравата исхрана подразбира консумирање на храна богата со пет основни групи кои му се потребни на нашиот организам. Како што многумина од нас знаат, тие се млеко, месо-риба, зеленчук-овошје, житарки и масти. Во однос на млечните производи, пробиотските производи ја регулираат цревната флора. За таа цел потребно е секој ден да се консумира една чаша кефир и четири лажици јогурт. Друга група на храна која ја штити цревната флора и помага во растот на корисни бактерии, благодарение на содржината на влакна, се мешунките. Конзумирањето мешунки 2 до 3 дена во неделата обезбедува бројни важни придобивки, од регулирање на гликозата во крвта до спречување на ректален карцином.
Консумирајте лосос, скуша и сардина, производи со најголема количина на омега 3 масни киселини, кои се ефикасни за заштита на клетките на очите и мозокот. Од друга страна, треба да се внимава на консумирањето црвено месо кое е богато со железо, цинк, магнезиум, калиум и селен. Според податоците на Светската здравствена организација, консумирањето 50 грама преработено месо дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 18 проценти. Односно, научен факт е дека честото консумирање на преработки од месо, како колбаси, салама и шунка, доведува до рак.
Треба да придаваме значење на консумирањето зеленчук и овошје. Дневно треба да се консумираат најмалку 3 до 5 порции овошје-зеленчук. Колку повеќе шарено овошје и зеленчук јадете, толку повеќе антиоксиданси внесувате. Секогаш претпочитајте овошје и зеленчук со потемна боја. Внимавајте да консумирате темнозелен зеленчук како блитва, спанаќ и кељ; темноцрвени производи како што се калинка и боровинка; темно жолто-портокалови производи, како кајсија, морков и тиква; производи со виолетова боја, како што се сливите „џанки“; и бели како лук и кромид.
Житарките кои содржат јаглехидрати, протеини, витамини Б и Е, и минерали, како што се магнезиум, железо и цинк, се најважните извори на енергија за нашето тело. Сепак, треба да избегнуваме прости јаглехидрати како бело брашно, ориз, шеќер, мед и џем. Причината е дека овие производи брзо го зголемуваат нивото на гликоза во крвта и го стимулираат телото да лачи инсулин. Така, лачењето инсулин предизвикува складирање на вишок шеќер во крвта во форма на масти. За жал, зголеменото количество на масти во телото го отвора патот за рак. Затоа, од клучно значење е да се консумира храна подготвена со непреработени житарки како што се интегрална пченица, ‘рж, овес и булгур.
Растителните масла штитат од рак. Од друга страна, не користете повеќе од две лажици растително масло кога готвите еден килограм зеленчук, бидејќи прекумерното консумирање масло може да предизвика стрес и да го ослаби имунолошкиот систем. Не треба да се додава дополнително масло кога готвите храна со животински масти, како што се месо, пилешко и риба. Додадете го маслото откако ќе се свари јадењето, а не пред да го готвите, колку што е можно повеќе. За да се спречи загуба на витаминот Е, маслата при складирање треба да бидат изложени на светлина и кислород.
Ако сакате да го заштитите вашето тело од рак, секогаш треба да ги имате овие чудесни производи во вашиот дом.
Прегледајте ја вашата кујна и ресетирајте ги правилата за исхрана против рак. Следете ги овие правила на исхрана:
*Информациите на нашата веб-страница немаат за цел да дадат насоки за дијагноза и лекување. Не правете никакви дијагностички и терапевтски процедури пред да се консултирате со вашиот лекар. Статиите содржат информации за терапевтските здравствени услуги на Групацијата за здравствена заштита „Аџибадем“.