ПОМЛАДЕТЕ СЕ СО ЗВУЧНИ БРАНОВИ - Acıbadem Healthcare Services (MK)
ПОМЛАДЕТЕ СЕ  СО ЗВУЧНИ БРАНОВИ

ПОМЛАДЕТЕ СЕ СО ЗВУЧНИ БРАНОВИ

Кожата на лицето, вратот и деколтето, која со одминувањето на годините може да стане опуштена, може повторно да се зацврсти без примена на хируршки третман. Звучните бранови кои се насочуваат кон кожата со помош на ултразвучна технологија ја зацврстуваат кожата и овозможуваат младешки изглед.

Проблемите со олабавување и виснување на кожата, кои се поизразени по 40 година од животот, манифестирајќи се со ефекти како што се спуштање на пределот на веѓите, виснување на образите (заедно се нарекуваат средна третина на лицето) и лабавоста на кожата на брадата и под брадата, можат да се решат и без операција. Можеме да изгледаме помладо и со примена на еден друг метод. Овој нов метод се вика „ултратерапија“, а се применува на тој начин што, со помош на ултразвук, фокусирани звучни бранови се насочуваат кон кожата, а резултатот е цврста, затегната и добро тонирана кожа. Проф. Ферит Демиркан (Ferit Demirkan), специјалист за пластична, реконструктивна и естетска хирургија во болницата Аџибадем Фулја, и вонредниот професор Јасемин Сарај (Yasemin Saray), дерматолог во поликлиниката Аџибадем Багдад Џадеси (Acıbadem Bağdat Caddesi), со нас споделија некои информации за овој нов метод којшто е многу попогоден поради тоа што областа на апликација ги вклучува и лицето и деколтето, но и поради фактот што за неговата примена не е потребна анестезија.

Вонредниот професор Сарај наведува дека методот иницира процес на опоравување и ги зајакнува ткивата на тој начин што создава ефект на загревање во кожата и поткожното сврзно ткиво под кожата, кое служи како носител. Малите оштетувања од загревањето што ги предизвикуваат звучните бранови во поткожните слоеви не ја оштетуваат кожата и предизвикуваат процес на заздравување, контракција и зацврстување на сврзното ткиво. Оваа постапка предизвикува зголемување на продукцијата на колаген и кожата самата започнува со процес на опоравување за да заздрави од оштетувањето, со што започнува и реконструкцијата на кожата, чии резултати се гледаат постепено.

Може да бидат неопходни средства против болки

За време на апликацијата, може да биде присутно чувство на боцкање, печење или чувство кое е слично на слаба струја. Напоменувајќи дека пациентите по своја желба можат да земат средства против болки еден час пред апликацијата, проф. Ферит Демиркан вели: „Во ретки случаи може да бидат потребни повисоки дози средства против болки или седација“.

Ефектите траат една година

Процесот со кој кожата изгледа помладо започнува со една апликација. Резултатите кои се очекуваат од ултратерапијата се добиваат три до шест месеци по апликацијата. Ефектите од апликацијата траат минимум една година, а следната апликација може да се изврши по завршувањето на овој период, во зависност од желбата на пациентот.

ЕФИКАСНО ЗА ЛИЦЕТО И ДЕКОЛТЕТО

Проф. Демиркан наведува дека на полето на процедурите кои прават да изгледаме помлади и попривлечни без операција се забележува сè поголем развој, што се должи на големиот интерес кај луѓето, и дека Ултера (Ulthera) е резултат на овој процес. Ултера, апарат кој е одобрен од страна на американската Агенција за храна и лекови (FDA) и е наменет за подмладување на лицето, може да биде мошне ефикасен во елиминацијата на виснатоста на кожата на лицето.

Апаратот се користи за областите околу очите со цел да се намалат виснатите делови под очите, во пределот на веѓите и челото со цел да се подигнат спуштените веѓи, на образите со цел да се елиминира виснатоста, на брадата и пределот под брадата со цел да се намали обемот на линијата на лицето, како и во пределот на вратот и деколтето. Со една сесија може да се третира целото лице. Методот исто така е корисен и во третманот на фините линии кои се честа појава околу устата, очите и долните очни капаци. Проф. Ферит Демиркан наведува дека апаратот, којшто нуди единствено решение за виснатата кожа на деколтето, исто така дава позитивни резултати и во пределот под брадата поради ефектот кој влијае на благо намалување на масното ткиво.

Трае само 15 минути!

Ултера аплицира третман преку контакт со кожата со имплементи како што се ултразвучни сонди кои се користат за ултразвучно снимање. Сондите кои се користат кај трите типови на апаратот можат и да продуцираат снимки и да обезбедуваат третман. Прво се нанесува гел на областа на апликација. Пред сондата да ја допре областа, на мониторот апаратот продуцира снимки од кожата, ткивото на поткожниот слој и длабоките ткива. Потоа се насочуваат фокусирани звучни бранови во два различни слоја, од кои едниот е на длабочина од 3mm, а другиот е на длабочина од 4,5mm под кожата. За да се елиминираат брчките, се користи друга сонда која создава ефект на загревање на длабочина од само 1,5mm под кожата. Апликацијата околу очите трае 15 до 20 минути, а времетраењето на апликацијата на целото лице и вратот може да трае од 45 до 60 минути.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search