Кои се симптомите на церебрална парализа? - Acıbadem Healthcare Services (MK)
Кои се симптомите на церебрална парализа?

Кои се симптомите на церебрална парализа?

 Бремените жени се исто толку грижливи и внимателни со своите бебиња колку што се и жените кои веќе се породиле. Меѓутоа, постојат некои околности кои доведуваат до неповратни последици, а кои не се под нивна контрола. Една од нив е церебралната парализа, позната и како мозочна парализа. Најчестиот резултат на церебралната парализа е спастицитетот, којшто вклучува ограниченост на движењето на мускулите. Церебралната парализа најмногу се среќава кај предвремено родените бебиња, а може да се појави во текот на бременоста, породувањето или во неонаталниот период. Проф. Мехмет Озек (Memet Özek), педијатриски неврохирург специјалист во болницата Аџибадем Козјатаги, споделува информации за церебралната парализа, која е предизвикана од трајно оштетување на мозокот, и спастицитетот што е поврзан со неа.

Причини за церебрална парализа

Инфекциите во мозочното ткиво на бебето кои се предизвикани од инфекции кај мајката, како и хеморагии кои се појавуваат кај бебето додека е во матката, се едни од причините за церебрална парализа која се развива во текот на бременоста. Во Турција, најчестата причина за церебрална парализа кај бебињата е недостиг во снабдувањето со кислород за време на породувањето. Повредата поради недоволното снабдување на мозочното ткиво со кислород е проблем што е присутен кај бебињата кои имаат модра боја кога ќе се родат, како и кај бебињата кај кои папочната врвца е обвиткана околу вратот и бебињата кои не можат да заплачат веднаш по раѓањето. Од друга страна, најчестите проблеми кои доведуваат до церебрална парализа во текот на неонаталниот период се инфекции како што е менингитисот.

Внимателно набљудувајте ги движењата на вашето бебе!  

Следејќи ги движењата на своето бебе и забележувајќи ги неправилностите, родителите можат да откријат церебрална парализа во рана фаза (0 до 9 месеци). Бебињата со оваа состојба имаат или хипотонија (движењата на рацете и нозете се ограничени поради нискиот мускулен тонус и тие изгледаат виснато) или спастицитет (движењата се ограничени поради вкочанетост на мускулите). Мозочното ткиво кај таквите деца не може да ги придвижи екстремитетите со потребната брзина. Доцнењето во развојот исто така може да биде сигнал за ова заболување. На пример, ако бебето на крајот на третиот месец не може да ја држи главата исправено или во 5 или 6 месец не може да седи со потпора или во 7 или 8 месец не може да седи самостојно, тоа се доволни причини за сомнеж.

Третманот на церебрална парализа може да започне уште во инкубаторот!

Ако бебето е родено пред истекот на 30 гестациска недела        
Како и секое друго заболување, раното откривање и третман се многу важни и за церебралната парализа. Кај бебињата кои растат и се развиваат, функциите на мртвите клетки во мозокот кои предизвикуваат церебрална парализа, можат да се трансферираат на околните клетки. Ова се нарекува невропластика. Ова може да се прави само ако многу рано се започне со вежбите за рехабилитација. Кај бебињата со висок ризик, рехабилитацијата може да се започне уште додека се во инкубатор. Стапката на инциденца на церебрална парализа е посебно висока кај бебињата кои се родени пред истекот на 30 гестациска недела и бебињата кои имаат мозочни крвавења во текот на предвременото раѓање. Поради тоа, таквите бебиња треба да се третираат како потенцијални пациенти. За дефинитивна дијагноза е потребна МР.

Хируршка интервенција за спастицитет

Третманот на бебињата кај кои е дијагностициран спастицитет што е асоциран со церебрална парализа започнува со физиотерапија. Ако состојбата е умерена, може да се надмине со физикална терапија. Она што е овде важно е физикалната терапија да се спроведува редовно секој ден. Во таквите случаи проблемот се решава без да има потреба од каков било дополнителен третман. Меѓутоа, во случаите за чија состојба се верува дека не може да биде надмината со физиотерапија, преостануваат само хируршките опции. Од суштинска важност е да не се одложува извршувањето на хируршките интервенции за спастицитет. Операциите на спастицитет не треба да се одложуваат до возраст над 3 до 6 години. Од друга страна, треба да се избегнуваат и прераните интервенции и ортопедските интервенции кои се вршат на возраст под 7 или 8 години. Со други зборови, ако третманот не се изврши навреме, како расте детето, ќе се зголемуваат и проблемите што ги предизвикува спастицитетот. Спастичните мускули не успеваат да пораснат соодветно на возраста на детето, додека пак коските продолжуваат да се развиваат природно. Поради тоа, ограниченоста на движењата на детето се влошува со зголемувањето на неговата висина.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search