КАМЕЊАТА КОИ СЕ ФОРМИРААТ ВО ЖОЛЧНОТО ЌЕСЕ, КОЕ МУ ПОМАГА НА ТЕНКОТО ЦРЕВО ВО ДИГЕСТИЈАТА НА МАСТИТЕ, СЕ РАЗВИВААТ БЕЗ ПРИТОА ДА СЕ МАНИФЕСТИРААТ НЕКАКВИ СИМПТОМИ, А ИМААТ НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВЕЕЊЕ. ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЛЕКУВАЊЕТО НА ОВА ЗАБОЛУВАЊЕ, КОЕ Е ДВАПАТИ ПОЧЕСТО КАЈ ЖЕНИТЕ ОТКОЛКУ КАЈ МАЖИТЕ, МОЖЕ ДА ГО ДОВЕДЕ ЖИВОТОТ ВО ОПАСНОСТ.
Камењата во жолчното ќесе, кои се еден од проблемите што најмногу влијаат врз дигестивниот систем, се развиваат кај 10 од 100 лица. Со оглед на тоа што камењата во жолчното ќесе обично не покажуваат симптоми, тие најчесто се откриваат случајно при правење ултразвучен преглед на абдоменот, којшто се прави како дел од редовните превентивни прегледи или поради други здравствени проблеми. Меѓутоа, кога се манифестираат симптоми, најчестата индикација е силна стомачна болка. Оваа болка обично се појавува по конзумирање храна која е богата со масти како што се пржените јадења, но и јајца, чоколадо и кафе, бидејќи тие предизвикуваат контракции на жолчното ќесе. Проф. Нихат Јавуз (Nihat Yavuz), општ хирург во болницата Аџибадем Кадиќој, наведува дека одложувањето на третманот на камењата во жолчното ќесе може да го загрози животот на пациентот и предупредува никако да не се занемаруваат стомачните болки.
Жолчното ќесе, кое се наоѓа под црниот дроб, има должина од 7 до 10cm и капацитет од 50ml. Овој орган, којшто има форма на круша, учествува во чувањето и транспортот на жолчката што се произведува во црниот дроб и ја испраќа во дуоденумот кога е потребно. Со помош на жолчката се одвива дигестијата на мастите во цревата, а посебно помага во апсорпцијата на витамините како A, Д, E and K во организмот.
Веројатноста за појава на камења во жолчното ќесе е двојно поголема кај жените, посебно по 30 година од животот. Се смета дека причините за тоа се бременоста, исхраната и хормонски фактори.
Возраста и полот се важни фактори за развој на камења во жолчното ќесе. Веројатноста од појава на камења во жолчното ќесе е двојно поголема кај жените, посебно по 30 година од животот. Се смета причините за тоа се бременоста, исхраната и хормонски фактори. Состојбите како прекумерната телесна тежина, разни лекови, хормонски терапии, лоша исхрана, воспалителни цревни заболувања, операции на желудникот и некои заболувања на крвта уште повеќе го зголемуваат ризикот.
Од 70 до 80% од камењата во жолчното ќесе не покажуваат никакви симптоми. Поради тоа, тие најчесто се откриваат случајно при прегледи кои се вршат поради други здравствени проблеми. Проф. Јавуз наведува дека, иако симптомите на присуство на камења во жолчното ќесе варираат, најтипични се силната стомачна болка која започува ненадејно и значително го нарушува квалитетот на живеење на пациентите и вели: „Болката почнува во десниот горен или среден дел од абдоменот и се шири кон десното рамо или грбот. Исчезнува за два или три часа. Понекогаш болката е придружена со мачнина. Ако болката продолжи и започне воспалителен процес, овие симптоми може да бидат придружени и со треска. Некои пациенти не чувствуваат болки, туку имаат други симптоми како што се проблеми со варењето, подуеност, мачнина и повраќање“.
Единствениот метод на третман на камењата во жолчното ќесе е операцијата. Проф. Нихат Јавуз посебно нагласува дека одложувањето на операцијата е опасно и ги наведува проблемите кои можат да се појават во случај на одложување на третманот: „Камењата во жолчното ќесе можат да ги блокираат жолчните канали и да доведат до воспаление на жолчното ќесе, што од своја страна го доведува животот во опасност поради тоа што може да предизвика пунктури на жолчното ќесе или да предизвика абсцеси околу жолчното ќесе. Овие камења исто така можат да преминат во цревата и да предизвикаат блокада. Покрај тоа, тие можат да доведат до терминални состојби како, на пример, опструктивната жолтица, која се карактеризира со акумулација на жолчка во организмот кога малечките камчиња во жолчното ќесе ќе се најдат во жолчните канали или жолчните канали ќе бидат блокирани од камења кои се формираат директно во нив, како и воспаление на панкреасната или поджелудечната жлезда и инфекција на жолчните канали.“
Хируршкиот третман може да се изврши со помош на методот со „еден влез“, којшто не остава лузни. Проф. Јавуз вели дека со методот со еден влез или порт, којшто се применува лапароскопски (затворена операција), жолчното ќесе може да се отстрани со само една инцизија на папокот: „Најважната предност на методот со еден влез е фактот што дава многу подобри резултати, бидејќи не остава лузни од инцизии. Покрај тоа, има и голем број позитивни ефекти врз квалитетот на живеење, како што се помала постоперативна болка, отпуштање на пациентот од болница за 12 до 24 часа и негово враќање во секојдневниот живот за четири или пет дена. Овој метод е исто така голема предност и за пациентите со папочна хернија, бидејќи оваа состојба може да се третира за време на операцијата на камењата во жолчното ќесе“.