Одделот за услуги на меѓународните пациенти на “Acibadem Hospitals Group” нуди сеопфатен спектар на услуги на сите меѓународни пациенти. Нашиот персонал е посветен да нуди услуги кои вклуклучуваат: добивање на второ мислење,услуги за дијагностицирање, осугурување, превозни услуги, аранжмани и сместување како и услуги за превод.
Аџибадем Центарот за услуги на меѓународни пациенти е дизајниран како ‘one stop’ центар кој нуди здравствени услуги од денот на барање на услуга од страна на пациентот се до моментот на враќање на пациентот во својата матична земја. Центарот претставува иницијална точка за контакт за обезбедување информации за медицински услуги, ориентација и регистрација.
Бројот на центри за услуги на меѓународни пациенти постојано расте и во нив работат координатори кои што имаат за цел да ви помогнат во однос за консултации и доктори специјалисти во различни области. Професионалниот тим во центарот за услуги на меѓународни пациенти организира “здраствени услуги за меѓународните пациенти, во однос на нивните потреби и очекувања. Ние можеме да ви помогнеме за следниве услуги:
Доколку имате потреба од медицински консултации Ви предлагаме да ни ја доставите Вашата комплетна медицинска историја и сите релативни ренгенски снимки и лабораториски резултати преку електронска пошта, факс или пошта. Штом докторот ќе ја прегледа Вашата медицинцка историја, ќе ве известиме за препорачаниот начин на лекување, како и за тоа дали е препорачливо да патувате до Турција за Вашето лекување.
Откако ќе одлучиме дека нашите центри се соодветни за Вашето лекување, ќе Ви закажеме термин за преглед,како и за дијагностички, лабораториски испитувања и доколку се потребни хирушки интервенции. Закажувањето на термин зависи од видот и итноста на медицинскиот третман.