Брахитерапијата е метод кој се користи за зголемување на степенот на локалната контрола за заболувањата на кои им се потребни зголемување на дозата на радиација на туморот пред и после екстерната радиотерапија. Исто така оваа метода може да се користи и за лекување на оние пациенти чија ситуација е соодветна за таков вид на третман.
Брахитерапијата претставува единствена метода на поставување на радиоактивниот извор во самиот тумор или во непосредна близина на туморот, со тоа околните ткива се зачувани од поголема доза на зрачење.
Техники кои се користат во примената на радиолошката онкологија се :
Во зависност од состојбата на болеста, радиотерапијата може да се подели во две главни групи:
Врз основа на достапните информации за болеста, се применува кога болеста може целосно да се излекува. Може да се применува самостојно, со операција или хемотерапија.
Се применуваат во случаи кога е невозможно комплетно да се лекува болеста.Целта е да се спречат и да се олеснат тешкотиите и да се подобри квалитетот на живеење на луѓето кои се соочуваат со сериозни болести. На пример, болките во коските од кои страда пациентот, можат да се намалат со радиотерапија. Губењето на крв може да се стави под контрола со примена на радиотерапија врз хеморагични тумори. Дозата на зрачење кај овој тип на радиотерапија е помала од дозата која се дава во куративната радиотерапија. Исто така, времетраењето на третманот е пократко.