Филигранска прецизност во лечењето на канцерогените ткива
Сајбер ножот е технолошки напреден радиохируршки систем кој обезбедува милиметарска прецизност во лечење на канцерот во било кој дел на телото.
Сајбер ножот посебно се користи во комплексни операции на повеќе тумори, како и за лечењето на туморите кои неможат да се одстранат хируршки. Со својата посебна, милиметарска прецизност ги намалува потенцијaлните оштетувања на здравите ткива околу туморот. Сајбер ножот ги праќа и лоцира респираторните движења во корелација со помрднувањето на туморот во текот на самата постапка, и обезбедува прецизна терапија при зрачењето.
Сајбер ножот е безболен и општа анестезија не е потребна во текот на терапијата. Пациентот после терапијата многу брзо се враќа на своите секојдневни обврски.
Сајбер нож е радиохируршки систем кој е дизајниран за лечење на тумори со исклучителни, милиметарски прецизности. Системот овозможува исклучително прецизно фокусирање на високите дози на зрачења на канцерогените ткива во мозокот и телото. Истовремено, заштитата од последиците од зрачење на здравото ткиво е на максимално ниво. Компјутерски контролираната роботизирана технологија практично се движи и се поместува околу пациентот и дозира зрачења од повеќе стотини различни агли. Во основа, сајбер ножот е напреден линеарен акцелератор поставен на робот кој обично се користи во индустрискиот сектор. Тој е стереотактичен радиохируршки (SRC) уред кој користи зраци наведени на канцерогените зони во мозокот и телото, посебно на тешко достапните места, и испушта високи дози на зрачења додека истовремено максимално го штити здравото ткиво. SRC, кој може да се дефинира и како терапија за тешко достапните места, се подразбира комплетно уништување на туморот во само една сесија со високи дози на радијација по одредувањето на 3Д кординатите. Кога оваа терапија се применува во повеќе сесии (3-5), се нарекува стереотактична радиотерапија (SRT).
Лицата кои работат со Сајбер ножот се специјалисти за радиолошка онкологија. Меѓутоа, во процесот се вклучени и специјалисти за медицинска физика кои се одговорни за квалитетот на третманот, радиолошки технолози кои ги употребуваат апаратите за третман, медицински сестри кои асистираат на докторите за следење на напредокот на пациентот, како и служби за прием на пациентот, кои помагаат во врска со разни прашања и процедури со цел третманот да се направи поефикасен и поудобен за пациентот и обезбедуваат поддршка за специјалистот за радиолошка онкологија.
Сајбер ножот може да се користи за лечење на сите лезии во мозокот и регијата на главата и вратот, без ограничувања во поглед на позицијата и големината. Се претпочита при третманот на малигни и бенигни тумори, метастази, артериовенски малформации и некои функционални болести.
Сајбер ножот е соодветен третман за лечење на лезии кои се наоѓаат во мали и тешко достапни места и не можат да се отстранат со операција.
Системот за радиохирургија Сајбер нож е уред кој е дизајниран за третман на канцер. Главно, се состои од линеарен акцелератор кој тежи 140kg, произведува Х-зраци (ренгенски зраци) од 6 MV, позициониран на индустриски робот со шест зглобни елементи и кревет кој може да се движи во шест правци. Роботот има сензитивност од 0,2mm. Со снимката на Сајбер ножот, како комбинација од утврдување на целта на зрачење и контролираниот роботски систем кој врши следење на туморите и се зрачат многу прецизно.
При примената на Сајбер ножот, на пациентот му се става пластична маска и нема хируршки зафат. Во текот на третманот, пациентот се поставува на маса која е контролирана со робот, кој може да се движи во шест правци. Системот за снимање, чија намена е да ја утврди локацијата на туморот, го пронаоѓа туморот и ги следи промените во неговото движење и прецизно ги третира туморите на белите дробови и црниот дроб кои се поместуваат како резултат на дишењето. За време на третманот пациентот немора да го задржува здивот, туку може да дише нормално. Пред третманот, системот ги споредува снимките од компјутерската томографија и магнетната резонанца со снимките кои се прават во текот на самиот третман. Со помош на компјутерот, веднаш се достапни добиените координати на туморот и се прилагодува дозата на зрачење. Поради тоа, врз третманот не влијаат малите движења на пациентот. Третманот е ограничен на туморот, додека оштетувањето на околното здраво ткиво е сведено на минимум.
Сајбер ножот првиот и единствениот роботски систем за радиохирургија во светот, дизајниран за милиметарски прецизен третман на канцер во било кој дел од телото. Благодарение на овој систем, канцерозните места во мозокот и во телото можат да се третираат со високи дози на радијација. Нормалното ткиво е максимално заштитено од ефектите на радијацијата. Направата за третман се врти околу пациентот со помош на компјутерски контролирана роботска технологија и го спроведува третманот со примена на радијација од стотици различни агли. Сајбер ножот е составен од подсистеми кои се резултат на напредна висока технологија. Сајбер ножот, кој истотака овозможува утврдување на местото на туморот со помош на систем за водење врз основа на снимки, е компјутерски контролиран роботски систем со висока прецизност и модерен роботски систем за позиционирање на пациентот. Сите овие системи овозможуваат третман на тумори со висока прецизност.
Сајбер ножот е одобрен од страна на FDA (американската Агенција за храна и лекови) за третман на тумори и лезии во кој било дел од телото кои што се соодветни за радиотерапија. Меѓутоа, пациентите треба да се консултираат со своите лекари за да се утврди дали овој третман е соодветен за нив. Состојбите кои можат да се третираат со Сајбер ножот вклучуваат:
Стереотактична хирургија (SRS) може да се објасни како третман на туморите во специфичните места во телото со помош на координати и се однесува за комплетно уништување на туморот во една сесија користејки високи дози на радијација со помош на 3Д координати. При применување на истата терапија во повеќе сесии третманот се нарекува стереотактична радиотерапија (SRT).