За потреба на операција на астронаутите во вселената “NASA” првично го развила роботот под името “да Винчи ”. Роботот е во состојба да изведе операција надвор од границата на природниот опсег на движење на човечката рака: артикулацијата на да Винчи е 180° a ротацијата која ја изведува е 540°, со потполно елиминирање на природно тресење на рацете.
Роботот да Винчи овозможува хирургот да оперира низ многу мали резови, истовремено смалувајќи го губењето на крв и големина на резот. Системот да Винчи го скратува престојот во болницата и го забрзува закрепнувањето.
Сите меѓународни пациенти кои преферираат да дојдат во АЏИБАДЕМ поради итно лекување или лекување кое е во тек, ќе имаат можност во овој период да дојдат во Турција. Болниците се отворени, целосно безбедни и во нив се преземаат исклучителни мерки за безбедност. Сите јавни простори во нашите болници се дезинфицираат во чести интервали, покрај тоа, најсофистицирани високотехнолошки системи за вентилација го прочистуваат и освежуваат воздухот кој го дишете во Аџибадем болниците. За пациенти со карцином и хронични заболувања се одредени одделни локации за влез. Со секој пациент се дозволува само еден придружник, а на сите пациенти и нивните придружнци им се мери телесна температура при секоја посета. Целата опрема се стерилизира во Оддел за Централна Стерилизација и оперативните сали се дезинфицираат пред секоја интервенција. По интервенциите, пациентите се хоспитализаираат во еднокреветни болничи соби за постоперативно закрепнување.
Со задоволство ве известуваме дека ќе продолжиме да ги следиме протоколите препорачани од страна на Светската Здравствена Организација и Министерство за Здравство на Турција и ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни мерки на претпазливост.