Дигитална мамографија - ACIBADEM (Аџибадем)
ДИГИТАЛНА МАМОГРАФИЈА СО ТОМОСИНТЕЗА

ДИГИТАЛНА МАМОГРАФИЈА СО ТОМОСИНТЕЗА

Клучот за рано откривање на ракот на дојка

3Д мамографот со томосинтезата обезбедува тродимензионално снимање со многу ниска доза на зрачење и има многу важна улога во раното дијагностицирање на карциномот на дојката.

Снимките кои се добиени со помош на 3Д дигиталниот мамограф со томосинтеза ја зголемува сигурноста на дијагнозата. Серија на дигитални снимки на дојките, снимени во формат на тенки слоеви, потоа се монтираат и така се обезбедува 3Д снимка на дојките, кои се потребни за понатамошни испитувања. Со оваа постапка се обезбедува ефикасно скенирање на сомнителната зона.

Овој мамографски уред креира совршени 2Д и 3Д снимки со минимална доза на радиација. Уредот треба да воведе револуција во рано дијагностицирање на канцерот со својот капацитет за изработка на 2Д снимка и мултислај 3Д снимка на томосинтезата. Томосинтетичките слоеви ја зголемуваат сигурноста на дијагнозите.  Серијата на дигиталните слајдови на дојките за конечен резултат даваат комплетна 3Д снимка.

Стандардната мамографска опрема ги  прикажува проблемите на ткивата во една снимка додека овој уред овозможува повеќе дигитални делови на снимки кои даваат комплетна дигитална слика на градите. Оваа карактеристика ја  елиминира  можноста за пропусти во проблематичните регии и тумори на дојките. 

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search