Овој уред овозможува истовремено снимање на предниот, задниот и страничните делови на кичмата и долните екстремитети.
Се користи за болестите кај искривен ‘рбет како сколиоза и кифоза како и деформација на долните екстремитети.
Целата процедура трае околу 20 секунди. Снимањето започнува кога пациентот се поставува во правилна положба. Во зависност од состојбата на пациентот, се снима целото тело или рбетот.
Уредот дава многу понизок степен на радијација од други стандардни ренгенски уреди. Машината е опремена со функција на микро дозирање кои се користат за преглед кај децата. Оваа доза е скоро 10 пати помала од стандардните EOS дози. Уредот може да се користи за планирање и мерење на долните екстремитети пред операција. Уредот обезбедува 3Д моделирање кое го користат хирурзите пред операцијата на коленото, колковите и кај пациентите кои боледуваат од сколиоза.