Flash CT - ACIBADEM (Аџибадем)
ФЛЕШ ЦТ

ФЛЕШ ЦТ

Брза компјутерска томографија со ниска доза на радијација

Флеш ЦТ е многу напреден технолошки радиолошки дијагностички алат кој овозможува снимање на целото тело посебно за кардиолошки и пулмолошки скрининг. Снимањето трае само 4 секунди, со 80% пониско ниво на радиација. Флеш ЦТ може да обезбеди кардиоангиограмска снимка за само 0.25 секунди, и така ги заштитува пациентите од прекумено зрачење во текот на скенирањето. За снимка на градите е потребно само 0,6 секунди, при што пациентот не мора да го задржува здивот.

Со својот дијаметар од 78cm, Флеш ЦТ е идеален за пациентите кои се клаустрофобични или со поголема телесна тежина. Способноста на Флеш ЦТ уредот е да произведе голем број на снимки, во краток временски период кој овозможува и педијатриски прегледи, или прегледи на пациентите со траума, и така ја олеснува правовремената интервенција.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search