Гама нож – Icon ја претставува шестата генерација на Leksellтехнологијата, како резултат на скоро 60 години примена во областа. Гама ножот е уште попрецизен, пофлексибилен и важи за најбезбеден во целата палета на Leksellтехнолошките уреди.
Гама ножот е една од стереотактичните техники во радиохирургијата кој служи за лечење на тумори и други абнормалности со зрачење. Во радиохирургијата со гама нож, туморските ткива се изложени на многу високи дози на зрачење. Додека сите соседни ткива се изложени со занемарлива количина на зрачење. Целта на оваа постапка е да се спречи понатамошното растење на туморот.
Лечењето се планира според состојбата на пациентот и овој процес е многу лесен, брз, сигурен, безбеден и директен. Комјутерскиот софтвер на гама ножот го сведува планот на лечење со поедноставни упатства за наведување на гама зраците право до целта.
Самиот третман започнува со поставување на стереотактична рамка на главата на пациентот. Постапката е едноставна и трае неколку минути со локална анестезија. По поставувањето на рамката се започнува со снимање на пациентот (на пр. MRI, CT, ангиографија). Сите наведени техники обезбедуваат многу детален и прецизен приказ на мозокот. Следниот чекор е планирање на третманот со висока прецизност и тоа со употреба на специјален комјутерски програм за планирање. Третманот се планира со цел да се покрие точка која се цели или доколку точката е помала од еден милиметар да се спроведе со голема прецизност со цел да се заштитат околните мозочни и нервни ткива. Овој прецизен третман обично трае помеѓу 30 и 90 минути. Траењето на третманот може да биде подолго само во мал број на здраствени состојби. Во текот на третманот, пациентот опуштено лежи на кревет и слуша музика. После третманот, рамката се вади и најголемиот број на пациенти си одат од болница истиот ден. За разлика од другите хируршки интервенции, после завршениот третман на гама ножот нема потреба за повторно доаѓање во болница. Пациентите продолжуваат со своите секојдневни обврски како и пред интервенцијата.
Гама ножот е безболна метода без резови која се користи за лечење на тумори на мозокот и други мозочни состојби. Предностите на терапијата со гама ножот се:
Пациенти со бенигни мозочни тумори:
Пациенти со аномалии на крвните садови:
Пациенти со малигни тумори:
Пациенти со функционални болести:
Пациенти со нарушувања во движењето:
Пациенти кои одбиваат отворени операции: