MRIdian на ViewRay е првиот уред за радиотерапија во светот со интегриран систем на магнетна резонанца. Уредот овозможува лекување на тумори кои претходно се сметале за неизлечиви.
До неодамна, лекарите користеа скенирање со магнетна резонанца (MRI) за да детектираат тумори, и линеарни акцелератори (LINAC) за нивно лекување. MRI-LINAC е револуционерно решение кое ги комбинира двете технологии во ист уред. MRIdian на ViewRay е првиот радиотераписки систем во светот насочуван со MRI што истовремено може да снима и лекува пациенти болни од рак. Тоа е радиотераписко решение што ги интегрира технологиите LINAC и MRI во компактен дизајн, заедно со софтвер за лоцирање, насочување и следење на позицијата и формата на туморите додека се третираат со зрачење.
Како и кај конвенционалната радиотерапија, позицијата на пациентот е на маса, а MRI се изведува за целни ткива. Областа зафатена со тумор и околните здрави ткива може јасно да се визуелизираат со помош на MRI. Снимањето во реално време им помага на лекарите да го контролираат процесот на лекување за време на зрачењето. Доколку се детектира клинички значајно движење на целни или здрави ткива, лекарите можат да ја приспособат целта и одново да го планираат третманот додека пациентот сè уште се наоѓа на масата за третман. Пред секоја сесија на лекување се прави ново снимање со MRI, што овозможува третман приспособен според дневната анатомија на пациентот.
Пациентите имаат активна улога во радиотерапијата со MRI-LINAC. За време на третманот, тие можат да го следат туморот на екран и да го приспособат нивното дишење за да се задржи во означената рамка. Кога ќе заврши сесијата на лекување, пациентот може веднаш да си оди дома.
MRIdian е нова технологија за напредна радиотерапија. Новиот терапевтски метод ги проширува границите на радио-онкологијата. Поради способноста за добар увид во меките ткива и следење на третманот со зрачење во реално време, радиотерапијата насочена со MRI овозможува лекување на мали или тешко достапни тумори, тумори лоцирани блиску до клучни структури или тумори што се движат (на пример, при дишење). Во споредба со конвенционалната радиотерапија, MRIdian нуди некои напредни можности:
Системот MRIdian LINAC овозможува значајни придобивки за одредени пациенти:
MRI-LINAC може да се користи за сите тумори во телото. Сепак, системот нуди значителни предности за пациенти со рак на белите дробови, рак на простата, абдоминален карцином, тумори и метастази на црниот дроб, а особено рак на панкреасот. Опсегот на примена опфаќа тумори на дојка, лимфни јазли на аорта, бели дробови, бубрези, мочен меур, карлица, лимфни јазли во регионот на главата и вратот, жолчен канал, желудник, грло на матката, надбубрежна жлезда, орбита, коски, слезина, гинеколошки дел од карлица, граден кош, аортен лак, панкреас, срце, простата, мезентериум, абдомен (меко ткиво), лимфни јазли на врат, ректум, паротидна жлезда, карлица, ‘рбет, хранопровод, тироидна жлезда, дебело црево, црн дроб, екстремитети, медијастинум, меко ткиво на карлица, мозок, матка, слабина, жолчно ќесе, лимфни јазли на јазик, назофаринкс, јајници, ребро и тимус.
MRIdian се користи главно за лекување на:
MRIdian дава можност да се детектираат и следат меките ткива и тумори во реално време. Тоа овозможува повторно планирање на текот на лекувањето доколку е потребно. MRIdian може да се користи кај сите тумори, но е особено поволен на местата каде што телото има одреден степен на движење: тумори лоцирани во абдоменот, торакалните региони, итн. Туморите во овие региони се во движење дури и при нормално дишење. Заради тоа, областа на туморот и околните здрави ткива можат јасно да се визуелизираат (јасно се видливи) со помош на MRIdian. Во случај да се открие клинички значајно движење на цели или здрави ткива, лекарите се во можност да ја приспособат целта и повторно да го испланираат лекувањето додека пациентот е сè уште на маса. Следејќи ги наодите од секоја сесија на лекување, пред секоја друга може да се изведе ново MRI скенирање. Тоа овозможува приспособено лекување во согласност со дневната анатомија на пациентот.
Со MRIdian е можно да се следи туморот и лекувањето да биде во вистинско време и на целна позиција. Овозможува лекување на тешко достапни тумори, тумори лоцирани близу до критичните структури или тумори што можат да се движат за време на нормални телесни функции, како што е дишењето. Така радиотерапијата насочена со MRI е уникатна и поефикасна во споредба со други технологии. Покрај тоа, терапијата со MRIdian нуди подобри резултати со малку или без несакани ефекти или компликации.
Откако одборот за тумори ќе реши да спроведе третман со MRIdian, лекувањето се состои од 4 чекори: симулација, планирање, лекување и следење. Третманот со MRIdian завршува меѓу 1-5 сесии. Со MRIdian е можно да се зголеми дозата додека здравото ткиво останува неоштетено. Така, радиотерапија со MRIdian завршува со помалку фракции од конвенционалната радиотерапија. Во зависност од местото на туморот и видот, една сесија би траела приближно меѓу 25 и 60 минути. По секоја сесија од лекувањето пациентите можат да одат во нивните домови или хотелски соби. После една недела, повторно се враќаат во болница за контролен преглед и тестови. Во зависност од туморот, може да се испланира следниот третман. На пример, ако MRIdian се користи за случај на рак на панкреасот, пациентот можеби ќе треба да се оперира по третманот. Од друга страна, ако пациентот боледува од локализиран рак на простата, тој може да излечи со MRIdian и нема да му треба дополнителен третман.
Сите третмани со радиотерапија може да предизвикаат некои несакани ефекти. Несаканите ефекти на MRIdian се приближно слични на другите третмани со зрачење. Вообичаено тие се привремени и може да резултираат во проблеми со респираторниот, дигестивниот, уринарниот или репродуктивниот систем. Покрај тоа, некои пациенти веројатно ќе страдаат од замор, гадење, иритација на кожата и опаѓање на косата. Како и да е, MRIdian детектира и следи здрави ткива и тумори во реално време и, следствено, го насочува зрачењето на туморот со крајна прецизност и предизвикува минимално оштетување на здравите ткива. За време на третманот, зрачењето го таргетира единствено туморот. Ако туморот е надвор од областа на третманот, системот автоматски го запира зрачењето со што се намалува ризикот од токсичност. Потенцијалните несакани ефекти зависат од областа на третманот. На пример, по третманот на рак на простата, некои пациенти се соочуваат со привремени проблеми со мокрење или лабаво и често празнење на дебелото црево.