Pyxis претставува автоматски систем на управувања со лекови, креиран е со цел да ја унапреди ефикасноста и безбедноста на пациентите. Системот дава поддршка за меѓусебна соработката на медицинските сестри со фармацевтите. Списокот на лековите на пациентот електронски се генерира и го прикажува статусот на налогот. Системот ја опфаќа и функцијата на верификацијата преку отисок на прстот и електронско пратење и документирање со што секој налог се штити од неовластен пристап.
Традиционалниот систем за издавањето на лековите не е ефикасен и подложен е на грешки, ги зголемува ризиците и трошоците. Сепак, честите грешки како непотполни информации, алергии, дозирање и лекови со слично име можат да се спречат со употреба на електронски систем на управување со лекови. Докажано е дека со автоматизацијата на системот за издавање на лекови не се елиминираат само традиционалните проблеми туку се унапредуваат оперативни и клинички резултати.
Системот на електронско управување со лекови во АЏИБАДЕМ ПРВ ПАТ Е УПОТРЕБЕН ВО 2006. година.