Интра-оперативната радиотерапија (IORT) е метода со еднократно зрачење. Пациентот се третира во текот на хируршката операција на туморот на дојката. На овој начин се елиминира потребата за постоперативна радиотерапија. Доколку тоа ќе го побара лекарот, можни се и дополнителни зрачења.
После оперативното отсранување на туморот од дојката, точната одредена зона се зрачи, додека истовремено околното здраво ткиво е заштитено. Со ова секоједневното доаѓање во болница се елиминира, а тоа на пациентот му обезбедува голема психолошка удобност.
Со користињето на интра-оперативната радиотерапија (IORT) кај пациентките со тумор на дојките операцијата може да се комплетира со еднократно зрачење. Кога туморот ќе се извади од дојката, специјален апликатор се поставува на местото на туморот. После многуте прецизни пресметки, оваа зона се зрачи со висока доза додека сите околни здрави ткива се заштитени.
Радиотерапијата се врши преку ‘‘линеарните акцелератори‘‘ кои ги произведуваат фотоните и електроните во специјално заштитени радиолошки соби на оделенијата на онкологија. Во поголем број на случаеви во кој е дијагностициран туморот на дојката и каде што се применети ‘‘заштитни операции‘‘ (во кои се отстрануваат само дел од дојките со тумор а останатиот дел на дојката не се отстранува), радиотерапијата следи после операцијата.
Пожелно е да се почне со радиотерапија после хемотерапијата, кај пациентите на кои им е потребно, или бар 3 недели после операцијата кај пациентите кои се лекувани со хормонска терапија. Кај пациентките кои примаат радиотерапија за гради, прво се зема примерок од ткиво зголемен за 2 mm и се внесува во компјутерот за планирање на томографија. После тоа се пристапува на примена на радиотераписките дози потребни за загрозените зони на дојката додека во исто време се штитат здравите органи (срце, главните срцеви артерии, белите дробови, другата дојка, односно сите места каде што болеста нее проширена). После одобрувањето на терпијата, пациентката добива радиотерапија во траење од 5 до 7 недели, во зависност од состојбата на болеста која ја одредува онколог радиолог. На останатите пациенти им се дава краткотрајна терапија која се вика хипофракција, во траење од 3 недели.
Еднократното зрачење се изведува со интра-оперативна радиотерапија (IORT), со алат со кои линеарниот акцелератор се користи скоро во исто време со традиционалната радиотерапија. Оваа метода се користи во оперативната сала благодарејќи на безбедниот, преносливиот уред кој работи исто како и линеарниот акцелератор, само што произведува енергија на електрони без потреба операторот да се заштити како што е тоа случај во прилика на ракување на традиционалниот линеарен акцелератор. Покрај хируршкиот тим кој ја изведува операцијата, во оперативната сала се наоѓа и специјалист радиолог онколог и медицински физичар. На овој начин компаративно со операцијата се спроведува и радиотерапија. Тоа е значителна предност за пациентот бидејќи не се чека раната да зарасне после операцијата, или да планира радиотерапија и секојдневно да оди во болница на терапија. Со тоа значително е скратено траењето на лекувањето.
Во текот на операцијата, по одстранување на туморот од дојката, специјален апликатор во уредот се поставува во зоната на туморот. После многу прецизни пресметки, оваа зона се зрачи со висока доза додека сите околни здрави ткива се заштитени. Примената на еднократно зрачење или некои други методи каде што е опфатена само зоната на туморот е пораспространета и поприфатлива во последните години, за разлика од методата на зрачење на целите гради, но терапијата на еднократното зрачење не е за секој пациент. Одлуката за тоа дали пациентот е компатибилен за оваа врста на терапија колективно ја донесуваат радиолог онколог, хирург и патолог кои директно го водат пациентот. Староста на пациентот, големината на туморот и другите патолошки одлики на туморот играат многу важна улога при донесувањето на овие одлуки.
Пациентките помлади од 50-60 години не се земаат во обзир како идеални кандидатки за еднократна терапија. Кај овие пациентки е неопходно да се зрачи зоната на туморот и градите во целина, на традиционален начин. После завршувањето на терапијата, применета на целите гради во траење од 25 до 28 работни дена , исклучувајки ги викендите, наместо цели гради, ке биде зрачена само зоната од која туморот е изваден, за што е потребно околу 5 до 8 работни дена, во зависност од пациентката и нејзината општа здравствена состојба. Ова зрачење на туморот на целата зона се нарекува засилено (boost) зрачење. Благодарејки на IORT методите, засиленото зрачење еднократно се аплицира во текот на операцијата, каде што градите се зрачат во целина, а вкупното време на терапијата се скратува.
Заштитнииот хируршки третман на дојките нема да биде соодветен за некои пациентки. Таму каде што е потребно да се отстранат комплетно градите, брадавиците и околните зони не се допираат поради подобар козметички резултат. Постапката се нарекува мастектомија со задржување на брадавиците. Брадавиците и ткивито под брадавицата со IORT методата на еднократно зрачење се третираат со цел за смалување на ризикот на појава на болести. Постапката на зголеменото зрачење по прв пат во Турција се изведува во ‘‘ACIBADEM Maslak‘‘ болницата, во центарот за здрави дојки.