TomoTherapy – ACIBADEM (Аџибадем)
ТОМО ТЕРАПИЈА ХДА

ТОМО ТЕРАПИЈА ХДА

Интегриран пристап на радиотерапијата

ШТО Е ТОМО ТЕРАПИЈА?

TomoTherapy® (Томо терапија) е радиохируршки линеарно акцелераторен уред кој што се користи со CT. Уредот ја обединува кобинијацијата на IMRT радиотерапијата и многу прецизни технологии на скенирање (CT) со компјутерска томографија.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА УРЕДОТ

Томо терапијата е метода за лечење која еволуирала од напредните технологии и опфаќа таргетирање на ќелиите на канцерот преку технологијата низ зракот на моливот.  Се користи за изведување специјални, ‘прилагодени‘ радиотерапии на секој пациент посебно. Уредот за Томо терапијата е проектиран со терапевтски линеарен акцелератор и може да обезбеди 3Д снимки исклучиво со висок квалитет, како и спирална и 3Д радиотерпија.

Томо терапијата обезбедува интегриран пристап на радиотерапијата, комбинира снимање и прецизна терапија усмерена на лечењето на широкит дијапазон на туморот.

Томо терпијата се користи за лекување на туморот кој е лоциран во ризичните зони и овозможува примена на радиотерапија без оштетување на здравото околно ткиво и ќелија. Сите онколошки терапии кои бараат радиотерпија можат да се изведат благодарејќи на TomoTherapy® ХДА методите. Благодарејќи на својата висока прецизност, Томо терпијата овозможува зрачење и терапија на поголемите регии.

ИНДИКАЦИИ

Томо терапијата како систем, посебно е корисна за лечење на тумори кај деца, билатерални карциноми на дојка, тумори на глава и врат, линеарни тумори и тумори на носните шуплини, зрачење со мезотелиоми (во слоевите на белите дробови и абдоменот), тумори на мозок и рбетниот мозок (краниоспиналните зрачења), сложените постапки на зрачења и заштита на загрозените органи (како очи, ‘рбетниот мозок и хипокампусот), зрачење на повеќе тумори, коскената срцевина и зрачење на целото тело со IG-IMRT техниката, зрачење на повеќекратни метастази.

ПРЕДНОСТИ

Технологијата на Томо терапијата овозможува прецизно зрачење со кои се таргетираат коплексни облици на тумори и се избегнуваат осетливите структури. Со употреба на инегрираните СТ скенирања со кои се потврдува обликот и позицијата на туморот пред секоја терапија, Томо терапијата може да ја намали изложеноста на зрачења на здравите ткива и органи. Несакани ефекти се најчесто сведени на минимум бидејки зрачењето во минималните дози достигнува до здравите ткива и органи. Голем број на пациенти кои ја достигнале својата максимална доза на зрачења можат да бидат третирани со Томо Терапијата.

Пред секоја терапија, технологијата на скенирањето обезбедува 3Д снимки на зоната која се лечи, така да зрачењето може да се вклопи со големината, обликот и позицијата на туморот на тој специфичен ден. Со ‘Слојниот’ пристап и со терапијата, туморите се третираат слој по слој.

Томо терапијата како метода на лечење овозможува примена на брза, прецизна 3Д снимка на водената терапија на целото тело, од глава до пети.

Втора одлика на Томо терапиите е брзина на работата на уредот. Технологијата овозможува изведување и на најкомплексните терапии во краток временски период, овозможува и модулација на голем број агли во континуитет. TomoTherapy® уредот овозможува изведување на високо оптимизирана терапија на целното место. Предност на оптимизацијата е заштита на здравите ткива и органи во близина на туморото безбедувајќи минимални шанси и смален ризик од настанувањето на секундарниот тумор, и секако, подобар квалитет на животот на пациентот.

ТЕРАПИСКИ ПРОЦЕС

Уредот на Томо Терапијата е отворен, широк и со кружен облик. Пациентот комфорно лежи на маса и добива терапија со зрачење. Со користење на платформа на СТ скенер, зрачењето комфорно и хомогено се испорачува во опсег од 360 степени околу пациентот.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search