Поефикасни резултати за кратко време со поголеми дози на зрачење!
Truebeam STX, опфаќа напредни радиотераписки техники за лечење на тумори како IMRT, IGRT, Gated RT, RapidArc, SRS i SBRT техники; обезбедува брзи точни и прецизни зрачења на помалите тумори.
Truebeam STХ се користи за сите тумори кои можат да се лечат со зрачна терапија. Уредот е посебно погоден за лечење на помалите тумори во главата и во телото, како и тумори кои претставуваат ризик за другите органи. Дозата на зрачаењето е таргетирана, за здравите ткива да бидат минимално загрозени. Системот на зрачење со пократок временски интервал го скратува времето на траење на радиотерапијата а сликата со висок квалитет овозможува подобро позиционирање и прецизно зрачење.
Truebeam STХ е соодветен за радиотераписко лечење на туморот во органите за кои е потребно респираторно пратење, како белите дробови, црн дроб и гради. Уредот овозможува зрачење додека пациентот е на респираторно пратење, и овозможува прецизна примена на големи дози на зрачење во зоната каде што е лоциран туморот.