Vitalbeam – ACIBADEM (Аџибадем)

Vitalbeam®

ШТО Е VITALBEAM

VitalBeam® е радиотераписки систем дизајниран и конфигуриран за случаи кои лекарите најчесто ги користат. Бидејки користи иста технолошка платформа како и TrueBeam® системот,  VitalBeam®овозможува лечење на ефикасен и прецизен начин.

Интелигентниот систем на контрола на уредите на VitalBeam® ги синхронизираат и следат инегрираните карактеристики на системот како снимање, лечење и следење на движењето, така да лекарот може на ефикасен и прецизен начин да го спроведе лечењето на највисок квалитет.

КАРАКТЕРИСТИКИ  НА УРЕДОТ

Благодарение на своите високоенергетски режими (3-фотони  6-електрони) VitalBeam® е прецизен, брз и сигурен.

VitalBeam® има режим на висок интензитет (Flattening Filter Free) на технологија за брзо лечење на комплексните случаеви.

Снимање, лечење и управување со движење е беспрекорно интегрирано. Интерфејсот е интуитивен бидејќи го одликува аутоматизираниот и наведен принцип на работа. Уредот го интегрира онколошкиот информативен систем ARIA® и системот за планирање на лечење Eclipse™ со цел за  поедноставо планирање и раководење на процесите во текот на лекувањата. Оваа функција овозможува обединување на сите задачи на автоматизирани, прилагодливи секвенци.

VitalBeam® овозможува спроведување на многу сложени постапки на лечење со помош на напредните радиотераписки техники, IMRT и RapidArc® радиотераписките технологии во рутинските третмани во текот на лечењето.

ИНДИКАЦИИ

VitalBeam® технологијата обезбедува примена во лечење на целото тело. VitalBeam® системот ги покрива разните комплексни клинички случаи, проблеми во главата и вратот, градите, белите дробови, карлицата, простатата, итн.

ПРЕДНОСТИ

VitalBeam® обезбедува брзи, неинвазивни, амбулантнии третмани, за широк опфат на тумори.

VitalBeam® овозможува лесен пристап на краткорочното дозирање и снимање во висока резолуција. VitalBeam® системот интегрира респираторно отворање, снимање и лечење во еден прецизно наведен систем.

VitalBeam® му дава можност на лекарот прецизно да ја одреди позицијата на туморот, да ја прати позицијата на туморот во текот на лечењето, и да прави корекција при позиционирањето на пациентот поради поголема прецизност. 

VitalBeam® непрекинато го прати движењето на органот и испорачува зрачење исклучиво кога ќе се најде на точно одредена позиција. Со респираторното отворање, зракот автоматски се исклучува кога туморот ке се помрдне над целната зона.

При креирањето на 3Д снимки, VitalBeam®  ги користи дозите на зрачење кои се за 25% пониски од дозите кои се претходно користени во сличните технологии со наведени снимки.

Varian’s RapidArc® е технологија, како дел од VitalBeam®  системот, за само неколку минути може да обезбеди многу прецизна 3Д слика на количината на зрачењето на туморот, најчесто во тек на само една полна ротација 360 степени околу пациентот.

ПОСТАПКА НА ЛЕЧЕЊЕТО

Со автоматизирањето на системот, се скратува времето на лечење. Третманот обично се изведува амбулатно, а најголем број на сесиите трае помалку од еден час, така да пациентот може сосема нормално да продолжи со својот секојдневен начин на живот.

VitalBeam работи тивко и без вибрации. Благодарејки на многу напредната комуникациска технологија, терапевтот е во гласовен контакт со пациентот, така пациентот се чувствува посигурно.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search