Естетска и пластична хирургија - ACIBADEM (Аџибадем)
Пластична хирургија

Пластична хирургија

За да се донесе одлука за третман на козметичка и пластична хирургија потребна e информираност. Нашиот тим е подготвен да ви  помогне во вашите одлуки во врска со операција и бројни алтернативи кои се достапни и се соодветни за вас. Ние сме посветени на тоа да сте задоволни со резултатите, зголемувањето на вашата самопочит, социјална самодоверба и квалитетот на живеење.

Одделите за естетска, пластична и реконструктивна хирургија на Аџибадем се опремени со најмодерна медицинска  технологија и се посветени на врвна клиничка пракса, удобност и безбедност на пациентите. Нашите лекари се меѓу најквалификуваните во нивната бранша и се првите во државата кои ги усвоија најнапредните и најбезбедните техники кои се базираат на докази.

Во ургентните одделенија на Аџибадем, услугата е достапна 24 часа, каде што мултидисциплинарни тимови ги третираат сите исеченици, изгореници, фрактури на лице, ампутации на раце и прсти, изместени зглобови на вилица, повреди на тетиви, нерви и васкуларни повреди.

Некои од козметичките процедури кои најчесто се вршат во нашите болници:

  • Некои од козметичките процедури кои најчесто се вршат во нашите болници:
    • Зголемување на градите
    • Подигнување на градите (мастопексија)
    • Намалување на градите
    • Операција на носот (ринопластика)
    • Операција на очните капаци (блефаропластика)
    • Ендоскопско подигнување на веѓите
    • Корекција на уши (Отопластика)
    • Лифтинг на лицето
    • Контурирање на телото
    • Абдоминопластика
    • Липосукција
    • Третман на проширени вени (склеропластика)
    • Затегнување на кожата
    • Ласерски зафати

Естетска хирургија

Фацијалната хирургија вклучува

    • Лифтинг на лице
    • Лифтинг на горниот сегмент од лицето
    • Лифтинг на веѓите
    • Подигнување на веѓите
    • Операција на очните капаци
    • Операција на носот
    • Зголемување или намалување на образите
    • Корективна операција на ушите
    • Лифтинг на вратот
    • Инјектирање на масно ткиво од други делови на телото во лицето
    • Рамнење на кожата со употреба на CO2 или со механичка дермабразија
    • Третман на акни и други лузни

Зафатите на торзото вклучуваат зголемување, намалување и подигнување на градите, затегнување на стомакот (абдоминопластика), намалување на градите кај мажи (гинекомастија), лифтинг на раце и бутини, отстранување на вишокот масти и кожа од стомакот, колковите, задникот, грбот, бутините, колената, рацете и брадата.

Аџибадем исто така врши отстранување тетоважи (липофилинг).

Реконструктивна хирургија

  • Реконструкција на гради по мастектомија
  • Хирургија на расцеп на усна и непце
  • Реконструкција на главата и вратот по канцер
  • Репарација на фрактури, меки ткива, оштетени тетиви и нерви по трауматски повреди
  • Третман на хронични рани, декубитални рани и изгореници
  • Ревизија на лузни
  • Хируршко отстранување на бенигни и малигни кожни лезии
  • Хируршка репарација на вродени дефекти и деформитети
  • Реконструкција на надворешни гениталии

Поврзани вести и статии

Балансираната исхрана влијае врз резултатите
Балансираната исхрана влијае врз резултатите

Наследената дарба и редовното тренирање се клучни за успехот на еден професионалец. Здравата и балансираната исхрана гарантира добри перформанси. Експертите велат дека храната што се внесува на денот и во текот на натпреварот е толку важна, што може да го определи резултатот. Муге Озјурт Шафак (Müge Özyurt Şafak), специјалист за исхрана и диететика во болницата […] Read More
ПОМЛАДЕТЕ СЕ  СО ЗВУЧНИ БРАНОВИ
ПОМЛАДЕТЕ СЕ СО ЗВУЧНИ БРАНОВИ

Кожата на лицето, вратот и деколтето, која со одминувањето на годините може да стане опуштена, може повторно да се зацврсти без примена на хируршки третман. Звучните бранови кои се насочуваат кон кожата со помош на ултразвучна технологија ја зацврстуваат кожата и овозможуваат младешки изглед. Проблемите со олабавување и виснување на кожата, кои се поизразени по […] Read More
РАСЦЕПОТ НА УСТАТА И НЕПЦЕТО НЕ Е СУДБИНА!
РАСЦЕПОТ НА УСТАТА И НЕПЦЕТО НЕ Е СУДБИНА!

Поистоветувањето ги повредува децата!   Кога станува збор за расцеп на устата и непцето, изразите како „зајачка уста“, „волчја уста“ се гледаат како нешто наивно, па дури и слатко. Меѓутоа, таквите поистоветувања предизвикуваат длабока болка, посебно во малечките срца на децата! Проф. Хакан Агир (Hakan Ağır), специјалист за естетска, пластична и реконструктивна хирургија во болницата Аџибадем […] Read More

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search