Знаеме дека борбата против ракот може да биде најтешкото нешто со кое што некој може да се соочи. Тоа е 24 часовна работа што може да ги исцрпи мозокот и телото.
Во текот на ова тешко патување, за успешни резултати потребно е многу упорност и посветеност. Ние во ACIBADEM Healthcare Group со нашиот мултидисциплинарен пристап, искусен тим и напредна технологија ги обезбедуваме сите потребни третмани.
При лекувањето на ракот најефикасни решенија се добиваат со примена на мултидисциплинарниот пристап. Од големо значење при дијагностицирањето и лекувањето на ракот е консултацијата меѓу лекарите од различни области и бара нивна блиска тимска соработка.
Специјалисти од различни области се здружуваат во мултидисциплинарни структури, донесуваат заедничка одлука и заеднички ја делат одговорноста. Како резултат, Центрите за онкологија кои што работат во мултидисциплинарни структури постигнуваат поуспешни резултати во третманот и следењето на ракот.
ACIBADEM Healthcare Group ја донесе најновата технологија во Турција. Користејќи ја оваа современа технологија, технолошки уреди, богатсвото на знаење и искуство, на нашите пациенти им нудиме третмани со најсовремени технологии кои што се користат ширум светот.
Рак е сеопфатен назив за повеќе од сто различни болести кои се јавуваат во случај на неконтролиран раст на клетките поради дефекти во нормалниот работен механизам на нашето тело. Медицинската гранка наречена онкологија, чие име е комбинација од грчките зборови „онкос“ (товар, волумен, маса) и „логос“ (изучување), ги проучува масите или туморите предизвикани од овие абнормални клетки со цел да се разберат, идентификуваат и лекуваат болестите на ракот.
Како што е претходно наведено, има многу видови рак кои се разликуваат според тоа како и во кој дел од телото се јавува абнормалниот раст на клетките. Исто така, постојат главни категории кои опфаќаат одредени видови на рак.
Повеќето видови на рак може да се манифестираат на сличен начин и кај мажите и кај жените. Некои вообичаени симптоми може да бидат: брзо слабеење без да се сака, болки, замор, континуирано кашлање, анемија, крварење, површински незараснувачки повреди, треска, малаксаност, непредвидени промени на кожата.
Исто така, постојат одредени видови на рак кои исклучиво или најчесто се јавуваат кај мажи или жени. На пример, ракот на тестиси и простата по природа се јавува кај машки пациенти. Симптоми кај случаите на рак на простата може да бидат присуство на крв во урината и болка при мокрење, и грутка или болка во пределот на скротумот кај случаи на рак на тестиси. Од друга страна, жените се повеќе наклонети да заболат од рак на дојка отколку мажите, а, исто така,се најмногу погодени од рак на белите дробови и колоректален карцином. Иако невообичаено крварење од вагината може да биде знак за рак на грлото на матката, вагината или вулвата, промени во апетитот и болки во стомакот или надуеност, исто така, можат да бидат симптоми на некои различни видови на рак и треба да се проверат од стручно лице.
Третманот за рак може да се менува според некои различни околности на случајот. Видот на рак, фазата во која се развил ракот, други фактори во телото на пациентот и медицинските средства што се нудат во установата за лекување, можат да придонесат во избраниот начин на лекување кај случаите на рак. Хемотерапијата е еден од најчесто користените третмани за рак. Таа опфаќа лекови кои ги уништуваат клетките на ракот, иако имаат големи несакани ефекти. Хирургија, имунотерапија, терапија со зрачење и хормонска терапија, исто така, се остварливи опции кај одредени случаи на рак.
Професионалниот медицински персонал на „Аџибадем“, лидерско име во областа на медицината во Турција, има неколку опции на избор во борбата против различните видови случаи на рак со кои се соочуваат пациентите. Благодарение на ресурсите што се присутни во нашите капацитети, „Аџибадем“ гарантира непречен процес во идентификацијата, третманот и аспектите на грижа со своите најсовремени центри за лекување кои се наоѓаат на лесно достапни, централни локации, додека одржуваат конкурентна цена во областа.
Онкологијата е дел од науката која што опфаќа не само лекување на пациенти со рак, туку и заштита од него, како и скрининг и навремено дијагностицирање.Покрај тоа, при дијагностицирање и лекување на рак, неопходна е соработка меѓу повеќе области, како што се хирургијата и радиологијата. Пристапот кон пациентите е мултидисциплинарно планиран согласно научните податоци.
Во онкологијата, планирањето на третманот се менува во зависност од:
Хемотерапија (медицинска терапија): Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерозните клетки кои растат неконтролирано поради одредени промени во нивната структура. Во Центрите за онкологија на Аcibadem, за лекување на нашите пациенти се користат најнови технологии од оваа област.
Хормонотерапија: Во лекувањето на тумори што се чувствителни на хормони како што е лекувањето на рак на простата и дојка, се користат хормонални лекови. Имунотерапија (терапија преку имунолошки систем): Се користат супстанции кои што нашиот имунолошки систем природно ги создава за да се идентификуваат и уништат клетките на канцер, активирајќи го имунолошкиот систем на организмот.
Целна (биолошка) терапија: Едно од најзначајните достигнувања во последната деценија во лекувањето на ракот е развојот на мошне ефективните биолошки терапии. Ова лекување има релативно малку несакани последици и може да идентификува одредени цели кои се присутни во клетките на канцер, но не и во останатите клетки.
Радиолошка онкологија е дисциплина која што со употреба на јонизирачко зрачење ги испитува неговите ефекти врз ракот, однесувањето на туморите а исто така, ги опфаќа и истражувањата во оваа област. Радиолошката онкологија се применува во две области: радиотерапија и радиохирургија.
Радиотерапијата е дефинирана како третман со користење на зрачење врз ткивата од канцер или од некои немалигни тумори. Во секојдневието е позната како „ радиотерапија” или „X-ray терапија“ . Зраците кои што се користат во радиотерапијата имаат за цел да го спречат растот на клетките од канцер или да ги уништат истите.
Куративна радиотерапија: Во зависност од достапните информации за болеста, куративната радиотерапија може да се употреби во случаи каде што болеста може да биде целосно излекувана, самостојно или со операција и/или со хемотерапија.
Палијативна pадиотерапија: Се применува во случаи кога не е возможно болеста целосно да се излечи. Целта е да се спречи и олесни страдањето и болката кај пациентот и да се подобри квалитетот на животот кај луѓе кои што се соочуваат со сериозно, комплексно заболување.
Главната цел во радиохирургијата, како една од областите во кои што се применува радиолошката онкологија, е да насочи големи количини на ниско енергетски зраци кон заболениот дел. Целта е да се намалат или уништат клетките на канцер со интензивно зрачење, а да се заштитат соседните здрави ткива од штетните ефекти на зрачењето.
IGRT: Радиотерапија водена со снимки
IMRT: Радиотерапија со променлив интензитет на зрачење
Конформална pадиотерапија: 3D Конформална радиотерапија
SRT / SRS : Стереотактичка радиохирургија (СРС) се однесува на комплетно уништување на туморот во една единствена сесија со високи дози на зрачење. Кога се применува во повеќе сесии (генерално 3-5 сесии) се нарекува Стереотактичка радиотерапија (СРТ).
Rapidarc: Rapidarc е високо развиена технологија што му обезбедува поголем комфорт на пациентот така што го намалува времетраењето на радиотерапевтските сесии од 15-30 минути на 2 минути.
Брахитерапија: Брахитерапијата е метод што се употребува за да се зголеми локалната контрола врз нарушувањето, со зголемување на дозата на зрачење врз туморот пред и по екстерната радиотерапија.
Радијациона терапија со единечна доза: Радиотерапија со единечна доза вообичаено започнува по хемотерапијата кај пациенти кај кои таа е неопходна или најмалку 3 недели по операцијата кај пациенти кои се лекуваат само со хормонална терапија
Trilogy : Уредот Trilogy овозможува прецизни интервенции од страна на специјалистите во најкус можен рок и во идеална доза. Ова значи дека пациентот добива најпрецизен третман во најкусо можно време.
MRIdian®: MRIdian® e првиот апарат за радиотерапија во светот, со инкорпориран MRI, за водење со снимки. Овој апарат обезбедува континуирано снимање во реално време пред и за време на третманот.
Truebeam: Е брз и прецизен систем за лекување на рак, при што се зачувуваат здрави ткива и органи. Најважната функцина на TrueBeam® е тоа што може да овозможи побрз, побезбеден и поефекасен третман.
CyberKnife®: Тоа е роботски систем за радиохирургија кој делува со голема сензитивност и милиметарска прецизност. Со помош на овој систем, региите на канцер во мозокот или телото се третираат со високи дози на зрачење. Во оваа постапка, здравите ткива максимално се заштитени од несаканите ефекти од зрачењето.
Gamma Knife Icon: Gamma knife, како дел од терапите со зрачење, е еден од стереотактичките интракранијали техники во радиохирургијата кој се користи за лекување на тумори и други абнормалности на мозокот. Кај радиохирургијата со т.н. гама нож, таргетираните ткива се изложени на висока доза на зрачење во една сесија. Целта на оваа постапка е да се запре растот на туморот.
Куративната хирургија исто така се применува и во рамките на хируршката онкологија. Сепак, предуслов за примена на куративна хирургија е нарушувањето да го има зафатено само органот или лимфните јазли каде се има појавено за прв пат.Туморите може целосно да се отстранат, доколку нивните граници се точно утврдени. Сепак, постојат случаи каде што туморот не може да биде целосно отсранет. Во вакви случаи, се применува т.н. debulking хируршки зафат за целосно отстранување на туморот. Покрај тоа, остранувањето на мал број присутни метастази ги зголемува шансите за потполно закрепнување на пациентот.
Роботска xирургија “da Vinci”
Лапароскопските операции што се изведуваат со хируршкиот робот „da Vinci“ се познати како роботска хирургија. Овие операции му пружаат бројни предности на пациентот. Покрај вообичаените предности на лапароскопските операции како што се помалку болка, минимални лузни на кожата, пократок престој во болница, овде се јавува помалку крварење, а стапката на успешноста на овие операции е поголема. Роботската хирургија „da Vinci“ се применува особено во неколку поголеми области: гинекологија, гинеколошка онкологија, урологија, кардио-васкуларна хирургија, општа хирургија и операции на уво, нос и грло.
Точната радиолошка дијагноза е основен дел во одлучувањето како треба третманот да се изведе. Современите техники и напредната технологија како и искусниот персонал на одделот за радиологија се од првостепена важност при радиолошка дијагностика.
При поставувањето на прецизна дијагноза покрај квалификуваниот персонал од големо значење е и примената на модерни техники и напредна технологија. ACIBADEM Healthcare Group, работејќи според овој принцип, внимателно го следи развојот на медицинската наука и постојано ја надградува својата дијагностичка опрема со нова високо-технолошка опрема во сите ACIBADEM болници и амбулантски центри.
За брзи и доверливи дијагнози: Апаратот за PET / CT (позитрон емисиона томографија – компјутерска томографија ) се yпотребува за идентификување тумори во рани фази, посебно за лекување на рак и при утврдување дали овие тумори се малигни или бенигни. Уредот се користи и при дијагностицирање и лекување невролошки и кардиолошки заболувања.
РЕТ/СТ во раното поставување на дијагноза: PET/CT нуди многу значајни предности во раното поставување на дијагноза. Тој има можност за идентификување на многу заболувања во нивната почетна фаза. Во периодот пред PET/CT, дали нодулите во организмот се канцерозни или неканцерозни се одредуваше само со биопсија, додека сега со PET/CT тие се одредуваат со голема прецизност.
PET/CT за метастази: PET / CT исто така нуди значителна предност кај многу видови на рак за одредување дали болеста е проширена на соседните ткива или лимфните јазли, т.е. дали има метастази или не. Бидејќи целото тело се визуелизира во исто време благодарение на снимките направени преку PET / CT, исто така е можно да се процени дали ракот се проширил на друг орган. PET / CT има предност во одредувањето, на пример, дали туморот во белите дробови се проширил во други внатрешни органи, надбубрежнaта жлездa или лимфните јазли (без разлика дали има метастази или не), со други зборови за утврдување на распространетост на болеста кое е познато како staging.
Интраоперативната MR го олеснува целосното отстранување на туморот со тоа што овозможува снимање за време на операцијата на мозокот. Така, се елиминира ризикот од потребата за втора операција , доколку има остатоци од тумор.
Апаратот за мамографија обезбедува одличен дводимензионален и тродимензионален квалитет на снимката при најмала потребна доза на зрачење. Со својот дводимензионален и повеќеслоен тридимензионален томосинтетички капацитет за снимање, тој претставува револуција во областа на раното дијагностицирање на рак.