Можеби доколку се чувствувате добро, не чувствувате потреба да одите во болница, да го посетите вашиот лекар или да направите одредени испитувања. Меѓутоа, секој од нас се соочува со најразлични здравствени ризици. Постојат фактори, почнувајќи од вашите навики, па сè до семејните предиспозиции (на пр., членови од семејството страдаат од дијабетес, срцеви болести, канцер итн.), според кои може да се утврди со какви здравствени ризици можете да се соочите. Во тоа главна улога имаат превентивните прегледи, кои овозможуваат рана дијагноза на болестите. Ако посветите неколку часа на превентивни прегледи, можете да ги добиете сите потребни информации за вашето здравје, а можете и да го спречите развојот на сериозни здравствени проблеми.
Потребно е да дојдете со празен желудник (не јадете 10-12 часа пред да дојдете). Во тој период можете да пиете исклучиво вода
· Ако сте бремена или се сомневате дека сте бремена, ве молиме да го контактирате вашиот лекар.
· Немојте да ги земате своите лекови, вклучувајќи железо или витамин Ц.
· Два дена пред закажаниот преглед не конзумирајте храна како што е црвено месо, слатки, цвекло, спанаќ, штавељ, роквици и брокула
· за жените се препорачува да не прават превентивни прегледи за време на менструацијата.
· Не заборавајте да ги понесете со себе своите претходни наоди и тестови (ако имате)
· ако програмата што сте ја одбрале вклучува и Стрес ЕКГ, ќе морате да ги прекинете сите лекови пред да се направи Стрес ЕКГ:
a) Лекови кои не би требало да се земаат 1 ден пред Стрес ЕКГ:
· бета блокатори (Tensinor tb, beloc tb, concor tb итн.)
· блокатори на калциумовите канали (Isoptin tb, diltizem tb итн.)
· нитрати (Monoket tb, monolong tb, итн.)
b) Лекови кои не смеат да се земаат 1 ден пред Стрес ЕКГ:
· Digoxin tb.
Ако треба да правите Стрес ЕКГ, ве молиме да понесете спортска облека и патики