ОРЛ (Уво, нос и грло) – ACIBADEM (Аџибадем)
ОРЛ (Уво, Нос и Грло)

ОРЛ (Уво, Нос и Грло)

Овие специјалистички гранки бараат специјализирана обука. Покрај стандарната ORL обука, нашите искусни специјалисти за ORL и аудиологија во болниците Аџибадем поминаа и дополнителни обуки. Сите наши болници се целосно оремени со највисока технологија и успешно ги извршуваат сите процедури на ORL .

Кога ќе пристигнете во клиниките за ORL на Аџибадем, ќе бидете прегледани во модерни и целосно опремени сали (флексибилен и крут ендоскоп; стробоскоп; систем за дигитално снимање) и од страна на високообучени професионалци, кои ќе се погрижат да добиете соодветна терапија. Специјалистите за ORL на Аџибадем работат заеднички со други специјалисти со цел да им обезбедат сеопфатна нега на своите пациенти.

На нашата клиника се третираат следните заболувања на уво, нос и грло.

Отологија/невротологија

Одделот за отологија/неврологија ги изведува следните операции: лечење на зуење во ушите, третман на вртоглавица, операции на нарушувања на ушното тапанче и средното уво, операција на отосклероза, дијагноза и третман на состојби на губење на слухот; хируршко вградување на импланти во уво (познати и како бионички уши) рехабилитација со слушни апарати и примена на хируршки вградени слушни апарати. Операцијата на вродена слушна атресија, ‘‘BAHA‘‘ систем (коскено всаден слушен апарат) и корективна микротија.

ORL хирургија на тумори

Со операции на ORL, кои се вршат со примена на најмодерните достапни методи, се врши дијагноза и третман на уво, нос, грло, усната шуплина, носната празнина, ларинксот, плунковните жлезди, како и дијагноза и третман на сите бенигни и малигни тумори на тироидната жлезда и вратот. Покрај хируршкиот третман, во нашите клиники се прави и репарација на изгубено ткиво и онколошки третмани.

Ринологија

Нашиот  Оддел за ринологија успешно ги изведува медицинските и хируршките процедури за дијагноза и третман на назална конгестија (затнат нос), алергии и медицински и хируршки третман на состојбите на синусите. Успешнo ги лекуваме и вродените проблеми на носот, како што е хоалната атрезија.

Ендоскопските техники денес имаат широка примена во операциите на синусите. Нашата клиника ги применува најмодерниот и најновиот „систем за хируршка навигација“, со кој се намалува ризикот од компликации кои се резултат на операцијата. На тој начин, потенцијалните несакани појави се сведени на екстремно ниско ниво. Оваа технологија е од голема помош кај пациенти кај кои претходните операции резултирале со изменета анатомија и кај пациенти со тумори.

Пластична хирургија на лице

Фацијалната пластична хирургија е област која доживеа голем развој во последните години. Покрај ринопластиката, нудиме и многу други процедури, како што се: корекција на испакнати уши, третман на брчки (ботокс, филери), лифтинг на лице (хируршки или со конци), лифтинг на вратот, корекција на спуштени очни капаци и блефаропластика (отстранување на подочници). Клиниката исто така успешно изведува операции на виличната коска.

Педијатриски болести на ORL

Нашата клиника е еден од неколкуте центри кои нудат комплетен сеопфатен третман. Нашите специјалисти на Одделот за ORL изведуваат процедури кои не се ограничени само на операции на крајници или третиот крајник, туку вклучуваат и: третман на вродени аномалии (дете кое е родено без уши или нос, расцеп на непцето), вродени аномалии на грлото, дишењето и цисти и маси.

Пореметување на гласот, голтање и хранење

На одделот за нарушувања на гласот и голтањето се прават потребните прегледи, рехабилитација, третман и операции на нарушувања како дисфонија (губење на гласот), нарушувања на гласот, тешкотии при голтањето и сијалореа (прекумерно лачење плунка).

Ласерот Lumenis CO2 е производ на високата технологија и присутен е само во неколку медицински институции во светот. Нашите искусни специјалисти го употребуваат овој апарат за третман на состојби како што се нарушувања на гласните жици (полипи, лезии), стеснување на душникот (тумори) и канцери на грлото. Туморите на устата и носот и лезиите на кожата можат да бидат третирани со овој ласер, со минимално крвавење. Исто така е познато дека ласерот е посебно корисен метод во третманот на папилома, вирусна инфекција на дишните патишта. Ласерот исто така успешно се користи за третман на лезии на кожата во пластичната хирургија со CO2 ласер.

‘Рчење и нарушувања на спиењето

На нашата клиника се прегледуваат пациенти кои страдаат од ‘рчење и апнеа. Нарушувањата на спиењето се утврдуваат во лабораторијата за испитување на нарушувањата при спиење, а потоа се предлагаат соодветните методи за третман (или хируршки или со CPAP – маска која врши воздушен притисок за да ги одржи отворени дишните патишта).

Центар за слух и говор

Одделот за аудиологија и пречки во говорот ги врши следните процедури: тестови на слухот, тестови на рамнотежата, лечење на зуењето во ушите; третман на нарушување на рамнотежата; терапија на говор и дисфагија; селекција и имплементација на слушни помагала; кохкеарни импланти кај пациенти кои страдаат од вроден губиток на слухот или губење на слухот по раѓањето. Нашите специјалисти за аудиологија ги прават сите потребни тестови пред започнувањето каква било процедура или рехабилитација. Нашиот Оддел за аудиологија користи највисока технологија, аудиолошките тестови се прават во стандардни тивки простории. Клиниката пружа услуги како што се видео ENG, калориски тестови и позициони тестови. Пациентите исто така можат да изберат слушни помагала кои потоа се имплементираат. Клиниката е опремена со сета потребна технологија за лечење на зуењето во ушите.

Кохлеарен имплант (бионички имплант за уво) е компјутеризирана направа која може да им го врати слухот на лица со тежок до длабок сензоневрален губиток на слухот (нервна глувост). Тоа е единствената медицинска технологија што е во состојба да врати едно од петте сетила на телото – сетилото за слух. Лицата кои имаат мала корист од слушните помагала се сметаат за кандидати за кохлеарен имплант. Во светот има повеќе од 400.000 деца и возрасни кои имаат корист од кохлеарните импланти. За разлика од слушното помагало, кое го засилува звукот што доаѓа, кохлеарниот имплант ги менува звучните бранови во електрични сигнали. За употреба на слушните помагала потребна е функционалност на влакненцата во внатрешното уво, додека кохлеарните импланти ги премостуваат оштетените клетки на влакненцата и ги конвертираат говорот и звуците од средината во електрични сигнали, кои потоа ги испраќаат до слушниот нерв.

Кохлеарниот имплант има две главни компоненти:

  1. Внатрешната компонента се состои од малечка електронска направа која хируршки се вградува под кожата зад увото и е поврзана со електроди кои се вметнати во кохлеата.
  1. Надворешната компонента, која се носи зад увото, се состои од процесор на говор, микрофон и простор за батерија.

Микрофонот го прима звукот, овозможувајќи му на процесорот да го „преведе“ говорот во специфични електрични сигнали. Овие сигнали или „кодови“ преку тенок кабел патуваат до делот што е зад увото и преку кожата се трансмитираат преку радиобранови до електродите кои се вметнати во кохлеата. Сигналите од електродите ги стимулираат влакната на слушниот нерв да испрати информација до мозокот, каде што се интерпретира како звук со конкретно значење.

Операција за вградување кохлеарен имплант

Операцијата за вградување кохлеарен имплант обично се врши како амбулантска процедура, а пациентот е под општа анестезија. Се прави инцизија зад увото за да се дојде до отворот на мастоидната коска кој води до просторот на средното уво. Откако ќе се дојде до тој простор, се прави отвор во кохлеата и се вметнуваат електродите на имплантот. Електронската направа на базата на електродната низа потоа се става под кожата зад увото.

Оваа операција може да се врши на лица кои се постари од 12 месеци и на кои не им помагаат слушните помагала.

Нашиот тим на специјалисти за кохлеарни импланти

Нашиот тим за кохлеарните импланти се состои од еден хирург невролог и двајца доктори по аудиологија со широко искуство во областа на патологија на увото. Предоперативната проценка, интраоперативните мерки и постоперативната рехабилитација на секој пациент се изведува прецизно со примена на највисока технологија. Операцијата се изведува со највисок степен на безбедност со користење на најсовремена медицинска опрема.


ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search