Гастроентерологија - ACIBADEM (Аџибадем)
Гастроентерологија

Гастроентерологија

На клиниките за гастроентерологија се врши дијагноза и третман на болести на дигестивниот систем. Покрај тоа, на клиниките постои центар што е посебно наменет за лекување воспалителни цревни болести.

На клиниките се пружаат следните услуги:

  • дијагноза и медицински интервенции кај болести кои се развиваат во органите на дигестивниот систем (хранопроводот, желудникот, тенкото и дебелото црево, аналната регија, жолчната ќеса, жолчните канали, панкреасот и перитонеумот)
  • третман на киселински рефлукс
  • третман на аноректални болести

Покрај гастродуоденоскопија и колоноскопија, технолошки добро опремените одделенија за ендоскопија овозможуваат редовно спроведување напредни процеси, како што е ERCP (ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија).

Центар за Кронова болест и колитис

Кроновата болест може да се развие во еден или повеќе делови на хранопроводот, стомакот и тенкото и дебелото црево, сите компоненти на дигестивниот систем и може да предизвика задебелување и улцери во таквите регии. Улцеративниот колитис, од друга страна, се развива во дебелото црево. Се дефинира како болест која се појавува на внатрешниот слој на дебелото црево (слузокожата). Болеста e инфламаторна и пропратена е со појава на крвави рани (чиреви) на слузокожата. Оваа болест е хронична и поради тоа мора да се следи. Центарот во рамките на болницата, кој е специјално воспоставен за групи болести како оние кои ги спомнавме погоре, нуди услуги кои се поврзани со овие болести кои во последните години се појавуваат се почесто. Во овој центар се применува највисока технологија во дијагностиката и лекувањето на овие болести од страна на специјалисти гастроентеролози и хирурзи.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search