ЦЕНТАР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРГАНИ И ТКИВА

ЦЕНТАР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРГАНИ И ТКИВА

Првите експерименти со трансплантација на органи беа изведени пред повеќе од сто години. Во раните проучувања, експериментите со трансплантација беа изведувани само на животни. Првата процедура на трансплантација на орган на човек беше изведена пред приближно педесет години. Благодарение на огромните достигнувања во медицината и здравствената нега, трансплантацијата на органи конечно достигна ниво на кое може да спаси човечки живот.

Како референтен центар за голем број на сложени третмани, Групацијата Аџибадем беше прва во многу области во Турција, а тоа важи и за трансплантацијата на органи и ткива. Некои од првите трансплантации во Аџибадем се:

  • првата трансплантација на бубрег на бебе со најмала тежина,
  • првата нефректомија на донатор на возрастод 84 години,
  • првата нефректомија на донатор со еден порт,
  • првата нефректомија на донатор преку вагината со методот NOTES,
  • првата трансплантација на бубрег од клинички мртов донатор на возраст од 85 години  
  • првата трансплантација на дел од црн дроб од мајка-донатор на нејзиното осумгодишно дете, и тоа се само некои примери на таквите достигнувања.

Во областа на трансплантацијата на органи секојдневно има нови достигнувања. Реципиентите и донаторите, како и научниците и лекарите, постојано се стремат кон поздрав и подолг живот.

Дисфункционален орган или ткиво може да доведе до бавно, понекогаш и до брзо нарушување на функциите на целиот организам. Постојат многу опции за третман на пациенти со нарушена функција на некој орган, но, трансплантацијата е прифатена како најдоброто решение во поглед на терапевтските придобивки, квалитетот на живот и исплатливоста.

Трансплантацијата на органи и ткива е трансфер на орган или ткиво од едно тело или донаторско место во телото на пациентот. Причината за оваа трансплантација е да се замени оштетен или отсутен орган или ткиво. Со трансплантација на органи и ткива можат да се третираат болестите на бубрезите, црниот дроб, белите дробови или срцето, тип I дијабетес и некои типови канцер, како што е леукемијата. Трансплантацијата на органи и ткива може да се врши со делови од телото на пациентот, односно автографт, или од друго тело, што се нарекува алографт.

Од аспект на типот на дарителот, постојат два типа на трансплантација на органи и ткива: од живи донатори и од починати донатори (пациенти со клиничка смрт, кои се на интензивна нега). Од живите донатори можат да се трансплантираат бубрези и црн дроб, со оглед на тоа што луѓето се родени со два бубрега, а еден од нив е доволен за да се води нормален живот, додека пак црниот дроб е регенеративен орган.

×