Одделенијата за ортопедија и трауматологија на ACIBADEM за многу ортопедски заболувања обезбедуваат највисок квалитет на здраствена заштита за пациенти од сите возрасти. Ортопедските хирурзи на ACIBADEM се специјализирани во голем број области како што се општа ортопедија, ортопедска рехабилитација, спортски повреди, артроскопија и хирургија на колено, операција на рамената и лактот, микрохирургија на зглоб и дланка, хирургија на стапалото и скочен зглоб, хирургија на колкот, замена на зглобовите, микрохирургија , мускулно-скелетна онкологија, трансплантација, операции на ‘рбетот, инженерство за рехабилитација, траума и педијатриска ортопедија.
Во одделот за ортопедија се користат современи техники за дијагностицирање и има избор на најнапредни третмани за целиот мускулен и скелетен систем, како и за ‘рбетните заболувања и трауми.
За повеќе информации за болести на ‘рбетот и нивниот третман, посетете го нашиот Спинален центар, кој е еден од нашите центри за извонредност.
ACIBADEM Healthcare Group нуди најквалитетни медицински и хируршки третмани на спортски повреди кои се изведуваат во најсовремени установи од страна на водечки експерти и истражувачи од спортската медицина.
Клиниката за ортопедија и спортска медицина ACIBADEM ги задоволува потребите на националните и меѓународните спортски клубови и федерации, како и на професионалните спортисти и на аматерите, давајќи услуги со извонреден квалитет во областа на спортската медицина, физиотерапијата и рехабилитацијата, ортопедската хирургија, кардиопулмоналната медицина, спортската физиологија, применета биомеханика и терапијата на болка.
ACIBADEM нуди комплетен спектар на услуги од третмани за превенција од повреди до подобрување на способности. Клиниката нуди клиничка поддршка, знаење и капацитети со што се обезбедува максимизирање на тренинзите и натпреварувачкиот потенцијал на аматерите и професионалните спортисти. Персонализираните вежби и едукативни програми вклучуваат проценка на физичката спремност и услуги за поддршка, како што се совети за исхраната и диетикатата, психологијата, физиологијата и физичките вежби. Исто така, се третираат спортските повреди и се обезбедуваат превентивни прегледи за спортистите.
Процедурите за лекување кои ги изведуваат специјалистите на Клиниката за спортска медицина ACIBADEM им овозможуваат побрзо враќање на спортистите на своите професионални кариери.
Екипата за спортската медицина ја сочинуваат двајца лекари од спортска медицина и спортски физиолог. Докторите веќе имаат искуство како консултанти и лекари во лекарскиот тим на турската фудбалска репрезентација како и на други водечки фудбалски клубови. Тие исто така биле консултанти и лекари во лекарски тимови за други спортови како кошарка, одбојка, ракомет, борење, веслање и тенис. Услугите што ги нуди нашиот тим за спортска медицина се следниве:
Дисциплината спортска физиологија главно се однесува на четири различни групи пациенти и посетители: Првата група ја сочинуваат здрави спортисти кои добиваат превентивни услуги или услуги за подобрување на нивните постигнувања, како што се процена на ефикасноста, спортски тестирања, препораки, советувања, итн. Втората група ја сочинуваат аматери или професионални активни спортисти кои се во процес на враќање на спортот по претрпени повреди или операција. Третата група на пациенти се оние со седечки животен стил или оние кои рекреативно се занимаваат со спорт и прават дијагностички и функционални тестови на нивните способности и совети за планирање на вежби. Последната група е составена од пациенти со хронични заболувања или состојби како што се хипертензија, метаболички синдром, дијабетес или дебелина.
Во ACIBADEM Hospitals Group болниците се изведуваат ехокардиографија, вежби и лабораториски услуги за срцевиот ритам и неинвазивни тестови како што се амбулантно следење на крвниот притисок, интервенции како што се ангиографија, катетеризација, електрофизиолошко испитување на срце и аблација. За фудбалерите, ACIBADEM ги нуди следните услуги од кардиолошки аспект:
Одделот за Физикална медицина и рехабилитација (PM & R) се протега на 1.000 m2 внатрешен и 350 m2 надворешен простор, дизајниран да се соочи со секаков вид на спортски повреди или здравствени проблеми почнувајќи од нивното дијагностицирање па се до враќањето на спортистот во игра. Тимот на PM & R составен од ортопеди, спортски лекари и физиотерапевти е одговорен за целосната грижа за спортистите и се труди да ги врати спортистите во најдобра здравствена и физичка кондиција во најкратко можно време.
Тимот на физиотерапевти во спортската клиника ACIBADEM Sports Clinic имаат сестрано искуство за спортската рехабилитација, со посебен акцент на фудбалерите и се со додатни квалификации за третирање на остеопатија, рачна терапија и физиологија. Во две од главните одделенија на одделот се сместени седумнаесет простории за третман, со што овозможуваат сите видови терапии од широкиот спектар на физикалната терапија. Одделот за физикална терапија е опремен со базен за вежбање и рехабилитација, бесконечен базен, хидромасажа, механизам со прилагодлива контрола на гравитација, изокинетички систем, систем за евалуација и рамнотежа, ESWT третман и многу други модалитети. Во процесот на рехабилитација се користат фудбалското игралиште (36×8 метри) и лентата за трчање (40×1.65) препорачани од ФИФА.
Одделот за биохмеханика користи камери со висока осетливост за системи на анализа на движењето со кои што може да се анализираат/проценуваат движечките способности и можности на спортистите. Освен кај спортистите, се користат и кај пациенти со голем број на ортопедски и невролошки нарушувања. Како резултат на овие анализи:
Одделението за терапија на болка помага во третманот на фудбалерите низ континуирани нервни блокови, епидурални интервенции, симптоматски блокови, интервертебрални и интрадискални апликации, и невроаблативни и невромодулативни техники. Одделот ја поседува сета неопходна опрема и инфраструктура за терапија на болка: соба за интервенции, стимулациони уреди, радиофреквентен генератор за лезии (техника на радиофреквентни лезии), криотерапија, озонски генератор, и 24/7 достапна операциона сала. Пациентите кои го посетуваат одделот за терапија на болка страдаат од болки во вратот и грбот поради проблеми со ‘рбетот.
Клиниката поседува диететичар кој што им помага и ги едуцира пациентите, аматерите и професионалните спортисти на било која возраст и пол, без разлика со каков спорт се занимаваат. Диететичарот секојдневно следи како се исхрануваат спористите и дава дополнителни препораки и совети доколку е потребно. Тој исто така ги советува спортистите кои треба да ја контролираат својата телесна тежина и планира стратегии за ергогени/нутритивни суплементи за да се постигнат оптималните резултати. Понуденото стручно мислење вклучува генерален план на исхраната, консултации околу губење и одржување на телесната тежина, следење и евалуација на обликот на телото, едукација за хидратација и рамнотежа на електролитите, компетенција, опоравување, и едукација за употребување на соодветни суплементи, опасности од допинг и антидопинг.
Клиниката располага и со назначен психолог кој дава психолошка поддршка, консултации и дополнителни психолошки услуги на спортистите, главно пред и по операциите или за подобрување на спортските способностите на неповредени спортисти. Популацијата пациенти / посетители вклучува аматери и професионални спортисти од сите возрасти, двата пола, како и од сите спортови.