Роботска хирургија - ACIBADEM (Аџибадем)
Роботска хирургија

Роботска хирургија

Роботската хирургија користи напредна технологија за минимално инвазивни операции. „Аџибадем“ е опремена со најновиот систем на хирургија со помош на роботи – Da Vinci Xi.

Што е роботска хирургија?

Во последниве години, техниките со помош на роботи ја унапредија минимално инвазивната хирургија на ново ниво. „Минимално инвазивна“ значи помали засеци во споредба со традиционалните отворени операции. Вообичаено се поврзува со лапароскопски операции каде што хирурзите користат ситни инструменти и минијатурна камера вметната во телото преку мали засеци. Роботската хирургија оди чекор понапред: во овој случај, малите алатки се прикачени на роботски раце. Тоа овозможува поширок опсег на движења и поголема прецизност во споредба со човечката рака. За разлика од вообичаените верувања, роботската операција всушност не ја изведува автономен робот. Сите движења ги контролира хирург кој седи на конзола и го следи напредокот на монитор со висока дефиниција. Оттука, вештините и стручноста на хирургот се клучни за исходот.

Предности на роботската хирургија

Операцијата со помош на робот има значајни придобивки и за хирургот и за пациентот:

  • Роботска прецизност што ги елиминира природните треперења на човечката рака
  • Супериорна визуелизација на хируршкото поле преку тридимензионални снимки со високо зголемување
  • Способност за оперирање на тешко достапни, мали и тесни места
  • Помали засеци, помалку болка и намалена загуба на крв што доведува до побрзо закрепнување

Сепак, овој тип на операција не е најдобриот избор за секој пациент. Разговарајте со вашиот лекар за да утврдите дали роботската хирургија е вистинската опција за вас.

Видови на роботска хирургија

Напредните роботски системи овозможуваат специјално обучени хирурзи да вршат различни минимално инвазивни интервенции низ телото. Подвидови на роботска хирургија се:

  • Роботска операција на срце
  • Роботска гинеколошка операција
  • Роботска операција на бубрег
  • Роботска операција на дебелото црево
  • Роботска операција за дебелина
  • Роботска операција на простата
  • Роботска операција на глава и врат итн.

Покрај тоа, постојат различни видови на технологии за роботска хирургија. Засега, хируршкиот систем Da Vinci е најчесто користениот ширум светот. „Аџибадем“ го користи Da Vinci Xi – најновиот и најспособниот роботски систем достапен денес.

Роботска хирургија кај кардиоваскуларни заболувања

Роботската операција на срцето ја елиминира потребата од голема отворена операција. Наместо да го отвори градниот кош, хирургот добива пристап преку ситни резови. Методот е поудобен за пациентот и го намалува времето на закрепнување. Речиси сите постапки во кардиоваскуларната хирургија може да се изведат преку минимално инвазивна роботска хирургија. Тие опфаќаат корекција и замена на валвула, вклучително и имплантација на аортна валвула со транскатетер (TAVI); роботска бајпас хирургија; нарушувања на ритамот; корекција на отворот; проблеми во десната или левата преткомора.

Операцијата со помош на робот нуди решение за пациентите кои подложат на повеќе операции на срцето. Изведувањето отворена операција кај тие пациенти кога постои проблем со срцевиот залисток е мошне ризично бидејќи при отворање на градната коска може да се оштети срцето. Во „Аџибадем“ тие пациенти може да се оперираат со роботскиот систем Da Vinci. Местото на претходната операција останува недопрено, а пристапот до областа се постигнува преку мал роботски рез од 3 до 4 сантиметри под пазувите. Покрај тоа, роботска операција на срцето може да се изведе на срце што чука. Тоа значи дека може да се избегне запирање на срцето и нема да дојде до нарушување на срцевите функции. Операцијата трае помалку време во споредба со конвенционалната и се минимизира ризикот од инфекции, крварење и трансфузија на крв.

Роботска хирургија во општа хирургија

Општата хирургија ги опфаќа состојбите на абдоменот и дигестивниот тракт, вклучувајќи го желудникот, црниот дроб, панкреасот, жолчното кесе и цревата. Повеќето од нив може да се третираат со минимално инвазивни техники. Роботот Da Vinci може да се користи за низа болести, како хернија, дебелина, колоректален карцином или воспалителни цревни заболувања.

Роботска колоректална операција. Роботската хирургија Da Vinci се користи при хируршки третман на многу заболувања на дебелото црево, вклучувајќи колоректален карцином (рак кој започнува во дебелото црево или ректумот), дивертикули и воспалителни болести на цревата. Особено при ректална хирургија, тоа осигурува дека нервите во непосредна близина на хируршкото поле се заштитени.

Роботска баријатриска операција. Операцијата со помош на робот ја олеснува хируршката операција што се применува кај пациенти кои страдаат од дебелина и го скратува времето на закрепнување. Меѓу операциите за дебелина извршени со Da Vinci, гастричните бајпаси се на прво место. Овој метод се смета за златен стандард во хирургијата за дебелина. Не само што овозможува намалување на желудникот, туку и деактивира одреден дел од цревата и затоа ја намалува апсорпцијата на внесената храна.

Роботска хирургија во гинекологија

За некои жени, интервенциите со помош на робот може да бидат ефикасна алтернатива на отворената гинеколошка операција. За различни состојби кои влијаат на репродуктивниот систем, како што се ендометриоза, абдоминална и карлична болка, фиброиди на матката, абнормално крварење, пролапс на карличните органи, гинеколошки карцином може да биде потребна операција. Роботската хирургија најчесто се користи за третман на ендометријален, цервикален и оваријален карцином; роботска хистеректомија (отстранување на матката); миомектомија (отстранување на миоми); сакроколпохистеропексија (корекција на вагинален или пролапс на матката); и хирургија на јајцеводи. Напредните интервенции, како што се лапароскопска или роботска хирургија, изведени од искусни хируршки тимови во „Аџибадем“, можат да ги зачуваат нервите во пределот на гениталиите, штитејќи го сексуалниот живот на пациентот и уринарната функција.

Роботска хирургија во урологија

Меѓу областите каде што најчесто се користат системи на роботска хирургија, урологијата е на прво место. Оваа медицинска специјалност ги третира состојбите на уринарниот тракт и репродуктивниот систем кај мажите. Хирурзите претпочитаат Da Vinci за да се ублажи блокада на бубрезите со пиелопластика, да се третира ракот на бубрези со роботска парцијална нефректомија (отстранување на дел од бубрегот) или да се елиминира ракот на простата со радикална простатектомија (отстранување на простатата). Додека конвенционалната операција на простата значи долг абдоминален засек што се шири од папокот до срамната коска, роботската простатектомија е минимално инвазивна процедура што се изведува со мали резови. Тоа му овозможува на хирургот да ги зачува деликатните структури околу простатата. Покрај пократкиот престој во болница и побрзото закрепнување, роботската хирургија Da Vinci значи подобри резултати во однос на уринарната контрола и еректилната функција во споредба со традиционалните операции.

Роботска хирургија во „Аџибадем“

Во „Аџибадем“ работат некои од водечките специјалисти за роботска хирургија во Турција. Понудата е:

  • Најнов систем на роботска хирургија – Da Vinci Xi;
  • Високо обучени и искусни лекари;
  • Широк опсег на примена на постапките на роботска хирургија;
  • Мултидисциплинарен пристап за подобри резултати;
  • Првокласна услуга за меѓународни пациенти од светски познат бренд за здравствена заштита.

Поврзани вести и статии

ЕРА НА ХИРУРГИЈАТА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ кај калцификација на зглоб на колено
ЕРА НА ХИРУРГИЈАТА НА КОЛЕНО СО ПОМОШ НА РОБОТ кај калцификација на зглоб на колено

ОПЕРАЦИИТЕ НА ДЕГЕНЕРАЦИЈА НА ‘РСКАВИЦАТА, ПОЗНАТА И КАКО КАЛЦИФИКАЦИЈА, СЕГА МОЖАТ ДА СЕ ВРШАТ И СО РОБОТСКА ХИРУРГИЈА. ОВОЈ МЕТОД ГО НАМАЛУВА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ЗАЗДРАВУВАЊЕ И ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ПРОТЕЗИТЕ КОИ СЕ ИМПЛАНТИРААТ СО ХИРУРШКИТЕ ОПЕРАЦИИ. Проблемите при качување или слегување по скали, болка при седење или одење, неможност за слегување по надолнина […] Read More
КОМФОРОТ ШТО ГО ОВОЗОЖУВА РОБОТИКАТА
КОМФОРОТ ШТО ГО ОВОЗОЖУВА РОБОТИКАТА

во третманот на рак на простата ОПЕРАЦИИТЕ ШТО СЕ ВРШАТ СО ПОМОШ НА РОБОТСКИ СИСТЕМИ ЗА ОПЕРАЦИЈА СЕ ИСТАКНУВААТ НАД ДРУГИТЕ ВО ТРЕТМАНОТ НА РАК НА ПРОСТАТА. СПЕЦИЈАЛНИТЕ СВОЈСТВА НА РОБОТСКАТА ТЕХНИКА ОВОЗМОЖУВААТ ОПЕРАЦИЈАТА ДА ДАДЕ ЕФИКАСНИ РЕЗУЛТАТИ. Ракот на простата, којшто е еден од најчестите типови рак кај мажите, повеќе нема да има репутација […] Read More

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search