УРОЛОГИЈА

УРОЛОГИЈА

На одделите за урологија на Здравствената групација Аџибадем се вршат висококвалитетни уролошки испитувања, прегледи, дијагностика и третман на возрасни и педијатриски пациенти, со динамичен медицински персонал којшто внимателно ги следи новите достигнувања. Докторите на одделите за урологија нудат услуги користејќи го своето клиничко искуство и знаење, базирано на научни студии и истражувања.

Покрај рутинските операции како операциите на простатата и ТУР операции на мочниот меур, инвазивни и неинвазивни операции на камчиња (уретероскопија, перкутана нефролитотомија и литотрипсија (ESWL), оваа единица е водечкиот центар за урологија со интензивни медицински услуги на полето на уролошки операции на канцер, педијатриски уролошки операции, уродинамика и сексуални дисфункции кај мажи.

За третман на нарушувања на уринарниот тракт кои се предизвикани од зголемена простата (BPH – бенигна хиперплазија на простатата), се применуваат модерни медицински и хируршки терапии: TUR (трансуретрална ресекција), Greenlight Laser PVP, Greenlight Laser HPS  (фотоселективна вапоризација со зелен ласер),  фидбектермотерапија (Feedback Thermotherapy).  Покрај тоапостојано се во тек сеопфатни студи и во областите кои се однесуваат на здравјето на простатата, како што се скен на простатата за утврдување канцер и третман на инфекции на простатата. Во одделите за  урологија на болниците  Аџибадем се применуваат сите современи хируршки и медицински методи за третман на канцер на уринарниот систем. Овој сектор често применува радикална простатектомија со сочувување на сексуалната потенција (за канцерна простата) и радикална цистотектомија (за канцер на мочниот меур). Покрај тоа, се вршат и други уролошки онколошки операции, како што се операции на канцер на бубрег и тестиси, кои се вршат од страна на хируршки тим кој е специјализиран за уролошка хирургија, со поддршка на одделите за анестезиологија и интензивна нега. Во некои уролошки случаи на канцер, опциите за третман им се презентираат на пациентите во координација со единиците за медицинска онкологија и радиотерапија.

Во групацијата болници Аџибадем се вршат третмани на камчиња во уринарниот тракт ендоскопски операции (затворен систем), при што се користи врвна технологија. Покрај хируршкиот третман, ваквите камчиња можат да се третираат и без анестезија и амбулантно со литотрипсија (ESWL). Одделот за урологија е еден од водечките центри од аспект на искуството во ендоуролошките третмани на камчиња (уретроскопија, перкутана нефролитотомија – PCNL).

Единицата за уродинамика нуди детални дијагностички испитувања на проблеми кои се поврзани со инконтиненција и уринарни проблеми можат да се сретнат кај мажите и жените на која било возраст. Уродинамиката и модерните урорадиолошки методи се применуваат при дијагностицирањето и мониторирањето на сите видови проблеми на инконтиненција кај возрасни и деца, вклучувајќи, например, ноќно мокрење кај деца или уринарна инконтиненција кај жени, како и кај пациенти со миелодисплазија (spina bifida).

Третманот на проблеми со ерекцијата и ејакулацијата кај мажите, односно еректилна дисфункција и машки стерилитет, се планираат и спроведуваат во соработка со специјалисти од други области, преку испитувања, дијагностицирање и третман.

Педијатриската урологија се занимава со дијагноза и третман на вродени и стекнати заболувања на уринарниот и гениталниот систем кои можат да се сретнат во пренаталната фаза, пораѓањето и во подоцнежните фази. Ваквите примери вклучуваат хидроцела или циста на папочната врвца, неспуштени тестиси, обрежување, алармантни состојби на тестисите и мочниот меур (акутенскротум и торзијанатестис). Хипоспадија (вродена состојба при која отворот на пенисот се наоѓа на долната страна, наместо на врвот на пенисот) е една од областите за кои Одделот за урологија е посебно заинтересиран. Покрај примарната корекција на хипоспадија,  исто така се врши и хируршки третман на пациенти кои претходно имале неуспешна операција.

Related News & Articles

Томографија која е безопасна за бубрезите
Томографија која е безопасна за бубрезите

ПОСТОЈАНИОТ ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ОВОЗМОЖИ КОМПЈУТЕРСКАТА ТОМОГРАФИЈА ДА СЕ ВРШИ СО ПОНИСКИ ДОЗИ РАДИЈАЦИЈА И КОНТРАСТНИ АГЕНСИ. НА ТОЈ НАЧИН СЕ НАМАЛУВААТ НЕСАКАНИТЕ ПРИДРУЖНИ ПОЈАВИ НА ОВОЈ МЕТОД, ПОРАДИ ШТО НЕГОВАТА ПРИМЕНА ВО ОБЛАСТА НА КОНЗЕРВАТИВНАТА МЕДИЦИНА Е СÈ ПОГОЛЕМА. Компјутерската томографија (КТ) е метод што спасува животи и има голема примена во дијагностиката. Радијацијата и […] Read More
КОМФОРОТ ШТО ГО ОВОЗОЖУВА РОБОТИКАТА
КОМФОРОТ ШТО ГО ОВОЗОЖУВА РОБОТИКАТА

во третманот на рак на простата ОПЕРАЦИИТЕ ШТО СЕ ВРШАТ СО ПОМОШ НА РОБОТСКИ СИСТЕМИ ЗА ОПЕРАЦИЈА СЕ ИСТАКНУВААТ НАД ДРУГИТЕ ВО ТРЕТМАНОТ НА РАК НА ПРОСТАТА. СПЕЦИЈАЛНИТЕ СВОЈСТВА НА РОБОТСКАТА ТЕХНИКА ОВОЗМОЖУВААТ ОПЕРАЦИЈАТА ДА ДАДЕ ЕФИКАСНИ РЕЗУЛТАТИ. Ракот на простата, којшто е еден од најчестите типови рак кај мажите, повеќе нема да има репутација […] Read More
КАЈ ЖЕНИТЕ ДВАПАТИ ПОЧЕСТО СЕ ПОЈАВУВА
КАЈ ЖЕНИТЕ ДВАПАТИ ПОЧЕСТО СЕ ПОЈАВУВА

КАЈ ЖЕНИТЕ ДВАПАТИ ПОЧЕСТО СЕ ПОЈАВУВА КАМЕН ВО ЖОЛЧНОТО ЌЕСЕ КАМЕЊАТА КОИ СЕ ФОРМИРААТ ВО ЖОЛЧНОТО ЌЕСЕ, КОЕ МУ ПОМАГА НА ТЕНКОТО ЦРЕВО ВО ДИГЕСТИЈАТА НА МАСТИТЕ, СЕ РАЗВИВААТ БЕЗ ПРИТОА ДА СЕ МАНИФЕСТИРААТ НЕКАКВИ СИМПТОМИ, А ИМААТ НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВЕЕЊЕ. ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЛЕКУВАЊЕТО НА ОВА ЗАБОЛУВАЊЕ, КОЕ Е ДВАПАТИ ПОЧЕСТО КАЈ […] Read More
×
Search