ЕКОСИСТЕМ кој претставува пример за здравствени услуги во светот…
Аџибиадем својот пат во здраствениот сектор го започнува како мала општинска болница во областа на Истанбул Турција. Денеска Аџибадем стана супербренд помеѓу глобалните здравствени лидери, со своите 24 болници и 16 медицински центри и услужни компании. Брзиот раст на Аџибадем доведе до потпишување на партнество со “IHH Healthcare Berhad“ ,едни од најголемите групации на Далечниот исток во 2012 и така станува втор најголем светски ланец на здравствени услуги.
Остварувањето на нашата цел за ширење на дејноста во странство започна во 2011 година со болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје, Македонија. Во 2016 година следеше преземањето на групацијата „Токуда“ и групацијата „Сити клиник“ во Бугарија. Покрај тоа стекнување, Здравствената групација „Аџибадем“ стана најголем давател на здравствени услуги во Бугарија. Потоа, во 2017 година нашето присуство се прошири со отворањето на Меѓународниот медицински центар „Аџибадем“ во Амстердам, со затворена површина од 5.000 m2. Во 2021 година следеше стекнувањето на „Аџибадем Белмедик“ во Србија што резултираше со 24 болници и 16 амбулантски клиники во пет земји.
Освен болници и медицински центри, “Acıbadem Healthcare Group“ нуди и светски пример на поставувања на својот специјално интегриран систем на здравствена нега кои ги опфаќа и бројните институции и Универзитет.
Униварзитетот Аџибадем со силен тим за академска настава и користење на динамични и современи образовни програми ги обучува своите студенти да бидат идни здравствени професионалци.
Во Аџибадем, институциите за здравствена подршка работат со целосна посветеност за континуирано подобрувања на искуствата на пациентитот. “Acıbadem Labmed“,„Labvital“, „LabCell“ во рамките на својот здравствен профил нуди широк спектар на услуги кои ги вклучуваат: генетика, патологија, матични клетки и матични клетки од папочната врвца. „Acıbadem Technology“ ги развива и ги подобрува внатрешните софтвери, вклучително и „болничкиот информативен систем“. “Acıbadem Mobile Health“ обезбедува мобилни здравствени услуги, АПлус, води сметка за хигиенските потреби и кетеринг во болниците и големите компании.
Сите болници во групацијата не само што ги исполнуваат светските стандарди, тие исто така се истакнуваат по својот врвен квалитет. 11 центри за рак (хирургија,радиотерапија,хемотерапија), 16 центри за срце (кардиологија за деца и возрасни и кардиохирургија), 14 центри за инвитро ( неплодност-IVF), 10 центри за трансплатација на органи (црн дроб, бубрег, коскена срж) 10 центри за болести на ‘рбет, 3 центар за спортска медицина акредитиран од ФИФА, и 6 центри за роботска хирургија кои се национално и меѓународно акредитирани поради нивната најнапредна технологија која се користи и поради експерти кои имаат значајни искуства во својата област.
Секоја година, голем број на пациенти од различни делови на светот доаѓаат на лекување во Турција и тие пациенти ја преферираат Аџибадем Здраствената Групација која обезбедува услуги со најсовремени светски технологии и експерти кои исполнуваат меѓународни стандарди на квалитет.
Од практични причини, Центарот за услуги на меѓународни пациенти е замислен како услужен центар „на едно место“ и нуди поддршка за секој пациент, од првиот ден на барањето па сѐ до моментот кога пациентите се враќаат во својата матична земја. Кога меѓународни пациенти ќе решат да дојдат на лекување во Турција, тие лесно можат да добијат план за патување и лекување од информативните канцеларии на „Аџибадем“. До сега „Аџибадем“ има отворено над 50 информативни канцеларии надвор од Турција. При пристигнувањето на аеродромите во Турција меѓународните пациенти ќе бидат срдечно пречекани на нашите „Health Point“ пултови. Додека чекаат превоз пациентите можат да користат Wi-Fi на тие места. Нашите пациенти ќе бидат префрлени директно до нивниот хотел или во болница со приватен превоз. На нашите „Health Point“ пултови лоцирани во болниците, нашите преведувачи ќе ги пречекаат пациентите и ќе им обезбедат поддршка за превод во текот на лекувањето на 20 различни јазици.