Одбор на директори - ACIBADEM (Аџибадем)

БОРД НА ДИРЕКТОРИ

MEHMET ALİ AYDINLAR

Претседател на Одбор на директори
Аџибадем Болницата е првиот чекор на г-динот Ајдинлар, кој кариерата ја започна како државен сметководител во 1981, во здраствениот сектор во 1991 година. Тој во 1998 година беше награден со „Management Excellence Award” во “Global Young Entrepreneur Businessman Competition”. Му беше врачена  титулата „почесен доктор на науки“ од страна на институтот за социални науки во Думлупинар Универзитетот. Тој во 2006 година беше назначен како „Машки претприемач на годината“ во анкетата „Бизнис личност на годината“ спроведена од магазинот „Економист“ и избран за „Бизнис менаџер на годината“ од весникот Дуња и Школата за бизнис на  Универзитетот во Истанбул. Во истата година весникот „Реферанс“ ја избра Здравствената групација Аџибадем за “Fastest Fish in Turkey”. На г-дин Ајденлар во 2007,2009 и 2010 му беше врачена наградата „The Person Who Makes Most Voluntary Personal Contributions to Healthcare”  која што се доделува од страна на волонтери во здравството. Во 2008 се смета за достоен за наградата “Health Management Honorary Award” до страна на списанието Хастане (Болница). Г-динот Ајдинлар во 2010 година беше врачен со наградата „TGNA Outstanding Service Award“ , исто така заради неговите придонеси во спортот во 2011 година беше нагреден со “Sportsperson of the Year”

HATİCE SEHER AYDINLAR

Заменик претседател на Одбор на директори
Дипломирала на Хемискиот факултете на Галатасарај Универзитетот. Таа за прва пат зачекори во здраствениот сектор во 1993 година со Аџибадем. Г-ѓа Ајдинлар е се уште заменик претседател на одбор на директори на Здраствената групација Аџибадем.

BHAGAT CHİNTAMANİ ANİRUDDHA

Член на Одбор на директори
Bhagat Chintamani Aniruddha (“Chinta Bhagat”) во моментов е менаџер во секторот за инвестиции во Khazanah Nasional Berhad.  Тој е директор на канцеларијата во Мумбаи и го води здравствениот сектор. Тој 14 години работел во канцеларијата на McKinsey & Company во Сингапур, вклучително и 6 години како управен партнер, пред неговата кариера во Khazanah.  Специјализиран во областа на односи помеѓу макро-инвеститори и примени, води неколку фондови за богатство на разни држави, приватни фирми и фамилијарни бизниси но тој е исто така познат во здравстeниот секотoр заради неговата професионална кариера во разни болници во Азија. Тој исто така ја формираше службата за институционално управување на McKinsey и ја водеше оваа операција долго време. Работејки на различни позиции во голем број на инженерските и градежните компании во Индија, пред да се приклучи во McKinsey, Чинта беше назначен за извршен директор на оваа компанија. Тој исто така е квалификуван архитект и е масистер по бизнис науки од INSEAD  бизнис школата.

TAKESHI SAITO

Член на Одбор на директори
Takeshi Saito е дипломиран политиколог во факултетот за политички науки во Кеито Универзитот. Ги завршува магистерските студии во Келогс школата а менаџмент во Нортвестерн универзитот. Тој во 1995 година ја започна кариерата во Mitsui & Co и големиот дел од кариерата ја помина во здраствениот сектор.Тој беше назначен за раководител на одделот за фармација и набавка по 2 години во одделот за финансии.По здобивање со MБА во 2004 година, тој беше директор за институционално планирање во  Mitsui U.S.A и го раководеше секторот за хемија, природни ресурси, потрошувачки услуги и информатички технологии. За време на неговото раководење во Mitsui U.S.A,  тој беше пионер во основањето на здраствениот оддел и инвестирање во реномирана компанија која нуди менаџмент за лекарски услуги. Тој беше промовиран на позицијата директор за стратешко управуваење и бизнис развој во одделот за медициснки услуги на Mitsui во 2007 година.Г-дин Саито, кој ги управуваше инвестициите на еден од најголемите фармацевтски ланци во Јапонија, исто така направи 10 годишен план на овој оддел. Како директор, промовиран на таа позиција во 2009, ги управуваше инвестициите на IHH и привремено беше назначен во одделот за стратешко планирање во здраствената групација Parkway како заменик директор. По неговата привремена улога како заменик директор во здраствената групација Parkway се враќа во Mitsui како генерален директор на службата на услуги на одделот на медицински услуги и исто така тој беше член на управниот одбор во IHH и неговите подружници.

SHIRISH MORESHWAR APTE

Член на Одбор на директори
Shirish Moreshwar Apte  има долгогодишно искуство во областа на банкарството и на финансиите. Во својата кариера во Citibank, India, тој започнал од основната банкарска позиција во 1981, работел на многу позиции во Лондон (1993-1997), Полска (1997-2003), Лондон (2003-2009), Хонг Конг (2009-2011) и Сингапур (2011-2013) како вработен во Citibank / Citigroup. За време на својата 32-годишна кариера во Citibank / Citigroup г-н Аптеработеше на растечките пазари кои вклучуваат Средна и Источна Европа, Блискиот исток, Африка (CEEMA) и Азискиот Пацифик. Покрај водење на одделенијата за институционално банкарство и инвестициско банкарство на Citigroup во Индија, тој беше извршен директор на Citigroup Полска и стана првиот регионален извршен директор на CEEMA и Азискиот Пацифик. Како член на административните и оперативните комитети на Citigroup од 2008 до 2012 година, г. Апте исто така го водеше  комитетот за деловни практики на групата.Тој беше на чело на секторот на банкарство на Азискиот Пацифик откако во 2014 година се пензионираше од Citigroup; во моментот Г-н Аптe превзeма должности во управните одбори, вклучително и надзорни одбори на различни компании кои ги вклучуваат Citibank Japan, Australia Commonwealth Bank, Singapore Banking и Finance Institute и Bank Handlowy Poland.

MUSTAFA ERÖĞÜT

Член на Одбор на директори
Mustafa Eröğüt, по завршените додипломски студии по бизнис менаџмент со специјализација во менаџмент, се здоби со МБА диплома по бизнис менаџмент со специјализација во менаџмент во спорт при Итака колеџ во Сад. Тој активно работи како постар спортски менаџер и учествува во проекти за општествена одговорност во спортот и младински организации во последните 8 години. Кариерата ја започнува како административен координатор во академија за развој на млади при Општина Истанбул, воедно г. Ерогут бил административен директор на фудбалската екипа на ИББ, помошник супервизор во BAKER TILLY GÜRELY директор на оддделот за развој на фудбалот во Турксата фудбалска федерација. Во моментот г.Ерогут е извршен директор на фудбалскиот клуб Истанбул Башакшехир и заменик генерален секретар на Унија на Турски Спортски Клубови. Воедно е член на фудбалски комитет на млади и аматери на Уефа.

LOW SOON TECK

Член на Одбор на директори
Low Soon Teck претходно има работено како адвокат во фирма во Сингапур од 1991 до 1993 година, со фокус на корпоративни и банкарски закони во тој период. Потоа тој започнал да работи во групацијата Kuok/Kerry го Хонг Кон и имал различни високи позиции, вклучувајќи директор на одделот за Кина како дел од SCMP групацијата со публикација на South China Morning Post. Тој бил одговорен за развој на бизнис, печатење на весник, тиражни дејствија и управување на ланец на продавници. Low Soon Teck се вратил во Сингапур во 2005 година и започна со работа како финансиски ревизор на групацијата во Kuok Oils & Grains Pte Ltd. Оваа компанија се спои со Wilmar International Co. Ltd. во 2006 година. Тој работел како директор на ризницата на Wilmar до 2009 година. Потоа, тој бил назначен како главен финансиски директор во PACC Offshore Services Holdings, оф-шор одделот на Kuok/Kerry групацијата. Во 2013 година, тој започнал со работа како главен извршен директор во групацијата RMCA, управителна фирма на ланец снадбувач со стока, а работел таму до 2015 година. Има повеќе од 20 години искуство во лидерски позиции во финансии, право и менаџмент. Low Soon Teck стана главен извршен директор на IHH Healthcare Berhad групацијата на 10 јануари, 2016 година. Додипломските студии ги завршил на правниот факултет при Националниот универзитет во Сингапур, а маигстерските дипломски студии по Бизнис на Бут школата за бизнис (Booth School of Busıness) при Универзитетот во Чикаго.  

ROSSANA ANNIZAH BINTI AHMAD RASHID

Член на Одбор на директори
Rossana Annizah Binti Ahmad Rashid е назначена во одборот на IHH Healthcare Berhad во 2012 година и е член на одборот и одборен комитет на Acıbadem Sağlık Yatırımları Holding A.Ş. (Inc.), партнер на IHH. Воедно, таа е независен член на одборот на Parkway Trust Management Ltd. (“PTM”), индиректна подружница на IHH. PTM управува со Parkway Lite Real Estate Investment Trust кој е вклучен во Singapore Exchange Securities Trading Limited. Г-ца Россана исто така е назначен како државен претставник на Jardine Matheson групацијата во Малезија во 2016 година, а исто така е заменик претседател на комитетот Cycle and Carriage како не-извршен член на одборот на Jardine Matheson Companies групацијата. Дополнително, таа е член на панелот за инвестиции и одборот на ризици на панелот за инвестиции во склоп на Employees Provident Fund на Малезија. Таа е назначена како не-извршен член на одборот на Celcom Axi333ata Berhad во Мај 2017 година.  

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search