ACIBADEM (Аџибадем) - Интегриран систем

ИНТЕГРИРАН ЗДРАВСТВЕН МОДЕЛ

Глобално конкурентен интегриран здравствен модел

Освен болници и медицински центри, Здравствената групација Аџибадем нуди и светски пример со својот интегриран  специјален екосистем на здравствена нега. Екосистемот опфаќа бројни институции за поддршка на  здравствената нега и Универзитет.

Универзитетот Аџибадем едуцира студенти да бидат идни здравствени професионалци, со користење на динамични и современи образовни програми и силен академски наставен тим.

Во Аџибадем, институциите за поддршка на здравствената нега работат напорно со цел континуирано да го подобруваат искуството на пациентот. Acıbadem Project Management работи на развојот на болничките проекти. Acıbadem Labmed, Labvital, LabCell нудат широк спектар на услуги во лабораториски  рамки, вклучувајќи патологија, контрола на храна, банка на матични клетки и крв од папочна врвца. Acıbadem Technology развива и усовршува внатрешните софтвери, вклучително и „Болнички информативен систем“. АPlus е одговорна за  потребите од хигиена и услугите за кетеринг во болниците, а Acıbadem Mobile обезбедува услуги за итни случаи и домашна нега надвор од болниците.

ACIBADEM UNIVERSITY

Универзитетот Аџибадем, посветен на полето на здравствените науки е основан во 2007 година.

Со користење на динамични и современи образовни програми, силен академски наставен тим ги едуцира студентите да бидат идни здравствени професионалци кои постојано истражуваат иновации во сите области на медицинската наука. Со мисија да биде универзитет силно ориентиран кон истражувања, истражувачките лаборатории се опремени со најновата опрема, дизајнирана да ги надополнува природните науки и биотехнологијата.

Центарот за Клиничка симулација и напредниот центар за обука на ендоскопска – роботска хирургија – CASE е еден од најсеопфатните центри за медицинска обука во светот во кој се сместени повеќе оддели и напредна технолошка инфраструктура. CASE го доби сертификатот „Центар за извонредност“ доделен од АкадемијатаCAE на само два центри за медицинска обука во светот. Центарот е акредитиран од Мрежата на акредитирани центри за клинички вештини на Европа (NASCE) и Здружението за симулација во здравството (SSH), обезбедувајќи додипломскa и постдипломска обука.

Универзитетот „Аџибадем“ им нуди на своите студенти можност да студираат во странство на универзитети со ценети партнери во рамките на програмата Еразмус, со билатерални договори со најзначајните универзитети во Европа. Со 100.000 квадратни метри во затворена област со централна локација на азиската страна на Истанбул, Кампусот Керем Ајдинлар е опремен со високо-технолошка опрема и им нуди на студентите привилегиран универзитетски живот.

ACIBADEM PROJECT MANAGEMENT

Откако започна да работи во стекнување на големо искуство во здравствениот сектор врз основа на „клуч на рака“ преку спроведување на планирање инвестиции, имплементација, медицински план и процеси за финансирање на проекти Здравствената Групација Аџибадем, Упраување со Проекти Аџибадем продолжува како независна компанија, со цел да може да ги услужи сите области за инвестирање. Упраување со Проекти Аџибадем, со пристап за предвидување и управување со ризици кои би можеле да  да се појават во сите фази на проектниот процес,  вклучително и донесување одлуки за инвестиции,  во рамките на правилата на работа утврдени од работодавачот, со соработка помеѓу  својот стручен тим и  домашните и странски партнери за решенија, нуди комплетни услуги за Управување со Проекти, вклучувајќи подготовка на договори, тестирање и управување со пуштање во употреба.

LABMED

Прва акредитирана клиничка лабораторија во Турција

Здравствената Групација Аџибадем воспостави значително партнерство во областа на референтни лабораториски услуги со германската Лабмед група (Labmed Dortmund GmbH), активна на германското тло повеќе од 30 години. Како резултат на ова партнерство акредитираните лабораториски услуги, кои некогаш биле достапни само во странство, стануваат достапни и во Турција, со ACIBADEM Labmed лабораториите. ACIBADEM со својот докажан квалитет на услугите и интернационални сертификати, го потврди квалитетот на своите лабораториски услуги и во клиничката лабораторија Labmed; доделена е акредитација за клиничка лабораторија „ISO 15189“ кој ја издава   “Deutsche Akkreditierungsstelle Chemie Gmbh” (DACH). Со тоа станува прва меѓународно призната и акредитирана клиничка лабораторија во Турција. Благодарение на своите капацитети, ACIBADEM Labmed ги изработува сите видови на анализи со највисоко ниво на квалитет и безбедност.

LABVITAL

Во 2009 год. Здравствената Групација Аџибадем ја основа лабораторијата за контрола на храна ACIBADEM Labvital со цел да обезбеди контрола на храна и услуги со ниво на квалитет на Аџибадем.

Мисија е да се обезбеди точна и квалитетна услуга; да се биде пионер во имплементацијата на нови анализи;  да се држи чекор со научниот развој и напредок, на тој начин да се обезбедат услуги за пример и доверливост за сите локални и меѓународни лица и организации, со квалитет и интегритет потврден со нашите меѓународно признати сертификати.

LABCELL

AЏИБАДЕМ лабораторија за матични клетки и банката за крв од папочната врвца е лабораторија за чување и производство во којa Здравствената Групација Аџибадем спроведува истражувања за можни тераписки методи, водејќи сметка за усоршување на  сите постоечки начини на примена. Лабораторијата поседува комплетна инфракструктура која овозможува чување на сите ткива, кои  докажано според научните податоци  можат да се користат во сите клеточни терапевтски процеси согласно GMP стандардите (Добра производна пракса).

ACIBADEM TECHNOLOGY

Acıbadem Technology е технолошка компанија која започна да работи во 2015 година со долгогодишно искуство и експертиза како дел од Здравствената Групација Аџибадем. Acıbadem Technology ги нуди своите услуги, искуства и производи на пазарот во и надвор од Турција. Главните производи обезбедени од Acıbadem Technology се Cerebral Plus (Болнички информативен систем), Astore (Систем за управување со лекови и потрошни материјали), Lab Assistant (Лабораториски информативен систем), Acıbadem Online (Портал за пациенти).

Acıbadem Technology исто така обезбедува Менаџирање на ИТ проекти, Консултации за софтвер и инфраструктура и формирање професионални тимови. Acıbadem Technology, како давател на услуги и производи ги нуди своите услуги во 10 различни градови во Турција и во други земји, со вкупно 21 болница, 16 амбулантски клиники, интегрирани компании и Универзитет (Универзитет Аџибадем).

APLUS

APlus,  кој е основан врз принципот “Болницата е всушност хотел каде што се обезбедуваат здравствени услуги”, под еден покрив ги собира угостителските, хигиенските, услугите за достава и сличните потреби на здравствените организации.

Аплус се познати како први кои го имплементираа принципот  “зготви и олади” во индустријата на масовното производство на оброци. Методата на готвење “зготви и олади ” обезбедува сигурност која е на многу повисоко ниво од денешните конвенции за масовно производство и се базира врз брзо ладење на производите (за  90-120минути) до температурите од 0-4°C  и се складира на овие температури користејќи европска гастрономска техника, каде што храната само еднаш се загрева и се послужува.

Аплус ја поседува една од најголемите перални во Турција и обезбедува хигиенско перење и услуги на хемиско чистење со дневен капацитет од 15,000 кг. Во објектот  кој е единствен во Турција за хигиенско перење, за само еден час се пегла, дипли, пакува и до 600 кг. материјал ,благодарение на специјалната пегла “Flatwork” која пегла и сложува облека.

Покрај тоа што во својата работа го користи системот  “Healthguard” кој се применува во здравствените системи во земјите на ЕУ, АПлус нуди сеопфатнo одржување и дезинфекција. Системот е развиен за болници и здравствени организации  и го сведува на минимум ризикот од вкрстена контаминација.

ACIBADEM MOBIL

Acıbadem Mobile  е основана во Јули 2008 година  како придружна компанија на  Здравствената Групација Аџибадем. Покрај координацијата на сите операции на брза помош на Аџибадем; Acıbadem Mobile од 2009 год. поседува  Лиценца за домашна нега, а од 2012 год. и Лиценца за безбедност и здравје при работа и има за цел да ја усоврши својата способност да овозможи здравствена заштита на пациентите за време на периодот пред хоспитализација и по хоспитализација.

Денес, Acıbadem Mobile обезбедува услуги за итни случаи со амбуланта на копно и воздух и услуги за домашна нега за пациентите на Acıbadem, како и на пациентите кои не се лекуваат во Acıbadem. Acıbadem Mobile исто така управува со повеќе од 150 проекти за корпоративни компании преку обезбедување Линија за помош, Медицински тренинг, Брза помош 24 часа/7 дена, земање примероци од крв,  Програми за придобовки на доктори, медицински сестри и останати вработени во  трудова медицина.

ТРЕТМАН

ТЕХНОЛОГИЈА

ACIBADEM

×
Search